Забава
Расел Кроу во одбрана на култниот класик „Господар и заповедник“

Расел Кроу не прифаќа несоодветни коментари за еден од неговите омилени филмови во кои глумел некогаш.
56-годишниот оскаровец се огласи на „Твитер“ во саботата за да застане во одбрана на својот поморски еп од 2003 година „Господар и заповедник : Далечната страна на светот“ по зајадливиот твит на шкотскиот пејач текстописец Јан Мекнеб.
Во реакција на твитот на музичарот Кроу напиша дека тоа е симптом на денешните деца, а многу твитерџии побрзаа да го бранат култниот класичен филм.
Мекнеб ја поттикна полемиката со коментар за моментната ситуација со целосното затворање и го спомна филмот.
„Многу луѓе се жалат на недостиг од сон среде пандемијата“, напиша тој. „Може ли да ви го препорачам „Госпдар и заповедник“ со Расел Кроу во главната улога, актер што обично ви го привлекува вниманието. Никогаш не сум ја поминал границата од десет минути. Ти благодарам, Расел“, додаде музичарот и го означи актерот за да може да го види твитот.
Расел Кроу набргу се огласи со реакција.
„Тоа е проблемот со децата овие денови. Нема фокус“, одговори Кроу иако Мекнеб е четири години постар од него.
Актерот сподели некои специфики што го прават филмот не само привлечен туку и убав за гледање. „Филмот на Питер Вирс е брилијантен. Прецизна, детаљно ориентирана, епска приказна за верност кон империјата, без оглед на цената. Неверојатна кинематографија од Расел Бојд и величествна музика за филм“.
„Дефинитивно, филм за возрасни“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сите зборуваат за контроверзната русокоса: погледнете што носи

Сидни Свини, која неодамна го откри своето ново момче, присуствуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Хемптон, каде што доби престижна награда за нејзината главна улога во биографската драма „Christy“.
Актерката, која сè уште е вовлечена во контроверзии околу нејзината реклама за брендот „American Eeagle“, блескаше во фустан од „Муглер“ украсен со сако со впечатливи набори од тил на долниот дел.
Под сакото, таа избра да носи мини фустан кој ги истакнуваше нејзините витки нозе.
Го комплетираше својот изглед со потпетици од „Џими Чу“, руса коса во природни бранови и суптилна огрлица.
Остатокот од вечерта донесе еден непредвидлив момент – Сидни одлучи да ги „фрли“ потпетиците и да „облече“ бели патики.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Бракот ја направи уште поголема „бомба“: на Безос не му е лесно…

Лорен Санчез се појави на Неделата на модата во Париз и предизвика возбуда со својот бомбастичен изглед.
Сопругата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, повторно изненади со смело модно издание, овој пат на Неделата на модата во Париз.
Поранешната новинарка, како и обично, ги истакна своите гради, кои се нејзин главен адут на секој настан.
За оваа пригода, таа избра елегантен црвен фустан со асиметричен дизајн и многу интересно деколте на градите. Моделот имаше набори по целата должина кои дополнително создаваа облини и правеа сè да изгледа толку гламурозно, но и провокативно.
Лорен додаде сандали во иста боја како фустанот во својот аутфит, а не се откажа од црвената ни кога стануваше збор за нејзината чанта. Монохроматското издание изгледаше како совршено да одговара на нејзиниот престој во Париз.
Новопечената милијардерка, иако можеби не го сакаше тоа, повторно беше во центарот на вниманието благодарение на својот провокативен изглед.
До неа овој пат беше Безос, кој генерално ја користи секоја можност да биде со својата сопруга на јавни настани.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа знае што значи „деколте до папок“: згодната пејачка го вознемири Париз

Пејачката Рита Ора е една од познатите личности кои се појавија на Неделата на модата во Париз.
Бидејќи секоја модна ревија е проследена со раскошна забава, Рита никогаш не пропушта можност да биде во центарот на вниманието, особено по промената на нејзиниот имиџ.
Згодната пејачка овој пат се одлучи за смел и храбар фустан. Таа избра бел фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело, но има толку изразено деколте што буквално допира „до папокот“, па сè друго беше во сенка.
Белите потпетици и црните очила беа единственото друго нешто што пејачката го додаде во својот фустан, и тоа беше доволно.
Со оглед на тоа што Рита Ора понекогаш може да разочара со својот стил, овој пат тоа не беше случај, иако најчесто игра на картата на провокација.
За излегувањето, таа го избра ресторанот „Le Costes“, добро познато место меѓу познатите ѕвезди кога станува збор за Париз.
фото: принтскрин