Забава
Ресторан во Токио нуди златен џиновски хамбургер од 800 евра

Еден ресторан во Токио нуди хамбургер од 800 евра како дел од прославата на доаѓањето на новиот цар на почетокот на мај. Хамбугерот е тежок три килограми.
Се состои од деликатесна паштета од црн дроб, говедско и црн тартуф, а на горниот дел има златна прашина.
„Сакаме да ги прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија“, рече Патрик Шимад, шеф на кујната во ресторанот.
Хамбургерот наречен златен џиновски бургер чини 800 евра и ќе биде на менито на ресторанот до крајот на јуни.
Јапонија веќе долго време го забранува јадењето месо, но забраната ја укина царот Меиџи во 1872 година, а од крајот на Втората светска војна хамбургери се прават и се продаваат во Јапонија.
Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 30 април 2019 година, што ќе биде прво доброволно напуштање на престолот по два века. Акихито (83) во 2016 година изрази желба да абдицира поради годините и здравјето. Ден подоцна принцот Нарухито ќе биде крунисан и со тоа ќе почне нова ера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.
Забава
(Фото) Најпопуларниот маникир на сезоната: нокти со цреши

Кога треба да смислите идеи за вашиот летен маникир, „нокти со цреши“ веројатно не е првото нешто што ви паѓа на ум.
Сепак, ова лето работите се менуваат и ако внимателно ги следите инфлуенсерите на социјалните медиуми или познатите личности како Хејли Бибер и Кортни Кардашијан, ќе забележите дека маникирите инспирирани од цреши се голем тренд ова лето.
Накратко, маникирите со цреши и овошја воопшто се поврзани со чувство на безгрижност и носталгија, без разлика дали станува збор за аутфит (облека, додатоци итн.) или за нашиот маникир. И како и со повеќето трендови, постојат толку многу начини да се усвои трендот на нокти со цреши.
Инстаграм е полн со инспирација за нокти, почнувајќи од класични комбинации како проѕирна основа со мали црвени цреши, до безвременски техники како францускиот маникир, па сè до поуникатни идеи како комбинирање на трендот на нокти со хромирани нокти со цреши.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез го промени изгледот за улога: „Изгледа неверојатно со руса коса“

Џенифер Лопез глуми во претстојниот мјузикл „Бакнежот на жената-пајак“.
Пејачката и актерка објави трејлер за мјузиклот, а во некои сцени изгледа речиси непрепознатливо. За филмот делумно ја заменила кафеавата коса со руса.
„Изгледа неверојатно со руса перика“, „Џеј Ло ги напаѓа Оскарите“, „Конечно ќе добие номинација за Оскар“, „Ова изгледа неверојатно“, „Едвај чекам да го видам филмот, Џеј Ло изгледа и звучи неверојатно“, се некои од коментарите под трејлерот.