Забава
Родителите на Кејт Мидлтон пред банкрот, според „Сан“
Mајкл и Керол Мидлтон, родителите на Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, имаат финансиски проблеми, британските медиуми известуваат дека нивниот приватен бизнис е во криза.
Минатата недела отпуштија тројца работници, а според „Сан“ и четвртата позиција е пред исклучување. Дали се ближи крајот на успешната компанија за организирање прослави, која започна со работа во 1987 година, со околу 30 работници, останува да се види.
Се започна откако, тогаш домаќинка, Керол го родила својот син Јаков, братот на Кејт. Почнала да продава чанти и украси за детски родендени. Во текот на 32 години, семејното царство достигнало вредност од околу 34,5 милиони евра. Новоздобиеното богатство им овозможи на Мидлтонови да ги пратат своите деца Кејт, Пипа и Џејмс во приватно училиште, да купат имот во Беркшир и недвижен имот во Лондон и да инвестираат пари во други дејности, како што се трки со коњи.
Благодарејќи на браковите на нивните ќерки, Мидлтонови дојдоа во елитното општество.
Во 2002 година, Мидлтон купија стан во Челзи во Лондон и таму подоцна се преселија нивните еца Кејт, Пипа и Џејмс. Вредноста на овој стан е зголемена од 2011 година и изнесува 1,6 милиони долари.
Од 2005 година, Керол и Мајкл дури вложиле и во недвижнини. Тие исто така поседуваат и комерцијални објекти во вредност од 1,75 милиони долари.
Мајкл го добил своето наследство од неговиот татко во 2010 година. Според информациите од 2011 година, таткото Питер имал богатство од 800.000 долари. Се им остави на четирите сина, и кога се вратија долговите, секој доби по 130.000 долари.
Богатството на родителите на Кејт Мидлтон се проценува на 67 милиони долари. Ова значи дека Кејт била финансиски обезбедна пред да се омажи за принцот Вилијам, и не го бркала принцот, како што беше објавено од страна на британските таблоиди, поради пари и титули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меган Маркл и принцот Хари предупредени за две сценарија доколку војвотката продолжи да го засенува војводата
Војводата и војвотката од Сасекс се најдоа на насловните страници за време на нивната посета на Нигерија, а тоа предизвика шпекулации бидејќи некои набљудувачи забележаа дека Хари изгледа загрижен додека Меган навидум е во центарот на вниманието. Ова беше првото официјално меѓународно излегување на двојката по нивното драматично напуштање на кралските должности пред четири години.
Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб, како што обајвуваат британските медиуми, за оваа посета вели: „На 39 години Хари изгледа како да му е удобно на игра втора виолина на неговата доминантна, 42-годишна сопруга. Меган е многу силен карактер, многу енергична и крајно амбициозна, а тоа се карактеристики што значат дека таа речиси секогаш ќе го засенува Хари и ќе го привлекува вниманието на себе. Хари е целосно во нејзина сенка, но тој никогаш не се чувствуваше пријатно кога беше во центарот на вниманието, никогаш вистински не уживаше во тоа“.
Следејќи ја динамиката на парот, д-р Сона Капур, клинички психолог, вели дека од ваквото однесување, кога едната личност ја засенува другата во врската, се можни две сценарија како исход.
„Ако Хари е задоволен што Меган го надминува, тоа значи силна самоувереност и заемна поддршка. Ако не се менаџира добро, тоа може да додаде притисок, кој има потенцијал да предизвика чувство на несоодветност или огорченост. За успех, потребни се отворена комуникација, меѓусебна поддршка и обезбедување сигурност дека двајцата партнери имаат можност да ги следат своите интереси и да блеснат“, објаснува Капур за британските медиуми.
Коментаторот Ларкомб посетата на Нигерија ја нарече „шоуто на Маган“, во кое Хари бил тргнат настрана, а Меган ја оцени како магнет за внимание.
Забава
Џејсон Момоа има нова девојка, тој е во врска со 12 години помлада актерка
Момоа, еден од најпосакуваните холивудски актери, повторно се бакнува.
44-годишниот актер ја потврди новата романса со објава на „Инстаграм“. Момоа ја посети Јапонија со пријателите, а меѓу фотографиите со друштвото беа и оние со новата партнерка, порториканската актерка Адрија Арјона.
„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови правејќи спомени со нови и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напиша тој во објавата.
Актерката е 12 години помлада од Момоа, а за актерот ова не е прва голема разлика во години. Имено, неговата поранешна сопруга Лиза Бонет е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и правно старателство над 16-годишната ќерка Лола и 15-годишниот син Накоа-Волф.
Арjона има и еден пропаднат брак зад себе. Во 2019 година актерката се омажи за својот партнер, со кого беше во долга врска, адвокатот Едгардо Каналес, но не е познато кога парот раскина.
Забава
Позната манекенка во Кан за малку ќе откриеше премногу во фустан со висок шлиц
Една од најбараните манекенки во светот, Ања Рубик, го привлече вниманието на Канскиот филмски фестивал со фустан со висок шлиц.
Рубик се појави на премиерата на Horizon: An American Saga, во режија на Кевин Костнер, облечена во фустан од Сен Лоран со висок шлиц. Изгледот го комплетира со едноставна фризура, нагласена шминка и високи потпетици, со кои дополнително ја истакна својата фигура.
Меѓутоа, за разлика од Бела Хадид и руската манекенка Наташа Поли, Рубик доби само пофалби од обожавателите.
„Само вие можете грациозно да го соблечете овој фустан“, „Толку сте жешки“, „Ги надминавте помладите колешки“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Рубик влезе во модната индустрија во 1998 година, а нејзиниот прв ангажман беше на Модната недела во Париз.
Досега има работено со многу луксузни модни брендови, меѓу кои Bottega Veneta, Marc Jacobs, Oscar de la Renta, Dior и многу други. Српскиот модел Саша Кнежевиќ ја побара за жена во 2010 година, а една година подоцна се венчаа на Мајорка. Сепак, тие се разведоа во 2015 година.