Забава
Рики Мартин се разведува од сопругот по шест години брак
Рики Мартин се раздели од својот сопруг.
Рики и Џон Џосеф, кои имаат заедно имаат две деца – Рен (3) и Лусија (4), сакаат време за себе во шестгодишниот брак, но ветија дека ќе одржат здрава семејна динамика за доброто на своите деца.
Според магазинот „Пипл“, Рики ќе остане со своите 14-годишни синови близнаци Матео и Валентино, кои ги имаше пред да ја почне врската со Џон како самохран родител.
Поранешниот пар испрати заедничка изјава за магазинот: „Решивме да ставиме крај на бракот со љубов, почит и достоинство за нашите деца и ценејќи го сето она што го искусивме како пар сите овие прекрасни години“.

„Наша најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство за да продолжиме со заедничкото воспитување на нашите деца зачувувајќи ги почитта и љубовта што ги имаме еден кон друг“.
Рики (51) првпат се поврза со 38-годишниот уметник на „Инстаграм“ во 2015 година, а врската ја почнаа шест месеци подоцна кога се сретнаа лично во Лондон, со што нивната романса беше официјализирана на црвениот тепих на свечената гала Аmfar Inspiration 2016.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Престанете да ме малтретирате поради мојот изглед“
Младата актерка Мили Боби Браун (21) се појавува во сè посмели модни изданија за време на премиерата на серијата „Stranger Things“. На последната проекција во Лос Анџелес, оваа убавица воодушеви со проѕирен фустан.
Мили позираше во драматичен црн мрежест фустан со многу длабоко деколте и имаше голема кадифена машна околу половината. Фустанот е од модната куќа Bronx and Banco, а Мили сè зачини со едноставни обетки и минимална шминка.

Додека актерката самоуверено позираше за фотографите, нејзината изјава што ја даде за британското издание на Vogue сè уште се „вртеше“ кога остро им одговори на сите што коментираат туѓ изглед.
„О боже, што направи со лицето, изгледа како да има 60 години, зошто стана русокоса… Го почитувам новинарството, сакам да читам статии за моите омилени луѓе и да слушам што прават. Разбирам дека има папараци, кои се инвазивни, знам дека тоа е ваша работа, но не ме напаѓајте веднаш во насловот. Тоа е толку погрешно и е малтретирање, особено за млади девојки кои се нови во индустријата“, рече таа.

Мили се осврна и на негативните коментари за време на турнејата за филмот „The Electric State“, кога негативните наслови преплавија сè.
„Бев депресивна секој ден, плачев три, четири дена“, беше искрена актерката.
„Тргни се од мене… Знаете… Имам 21 година, ќе се забавувам и ќе си играм, ќе бидам своја“, им рече Мили на сите критичари.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Новата кралица на пластичната хирургија“ го прослави својот 70-ти роденден: Цела во црвено, направи спектакл
Риалити ѕвездата Крис Џенер организираше раскошна забава по повод 70-тиот роденден за своите познати гости. Според TMZ, гостите во еден момент биле премногу гласни, што ги натерало соседите да повикаат полиција.
Јасно е дека сè што е поврзано со семејството Кардашијан-Џенер сигурно ќе биде скандал. Крис често е предмет на медиумско внимание поради нејзиниот младешки изглед и пластичните операции на кои се подложува, можеби премногу често.
Таа сподели фотографии од забавата на Инстаграм, а многу луѓе беа импресионирани од нејзините модни избори. Црвена, драматична тоалета со црни ракавици и уште помладо лице од пред еден месец – Крис Џенер влезе во својата осма деценија.
Поради бројните козметички процедури, некои велат дека таа е новата кралица на пластичната хирургија, откако успеа да ја симне од тронот познатата Донатела Версаче.
Бруно Марс пееше на роденденската забава, што беше една од причините за гласната музика што ја вознемируваше околината, објавија странските медиуми.
Меѓу гостите беа принцот Хари, кој дојде со Меган Маркл, потоа Мараја Кери, Марк Цукерберг, Парис Хилтон, Хејли Бибер, Адел и многу други.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Нова фризура и променет изглед: Можеби е „очајна домаќинка“, но во проѕирна облека е секс бомба
Актерката Ева Лонгорија, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, долго време гордо ја носи титулата една од најубавите жени во светот, а денес оваа 50-годишна жена привлекува внимание каде и да се појави – со својот беспрекорен изглед, но и со своите модни избори.

Минатиот викенд, таа беше домаќин на гала вечера во Мадрид, каде што се појави во провокативна облека и уште еднаш нè убеди дека скратувањето на косата е целосен успех.

Таа носеше црно боди и црно преголемо сако, а овие две парчиња ги комбинираше со интересно проѕирно здолниште што ѝ овозможи на публиката да ги види нејзините витки и обликувани нозе во целост.

Таа ги следеше најновите модни трендови со своите чевли – ја заокружи комбинацијата со елегантни црни зашилени потпетици што ги гледаме кај повеќето познати личности, па нејзината веќе витка фигура дојде уште повеќе во фокусот.
фото: принтскрин

