Забава
Ријана откри зошто морала да ја скрати косата: „Не очекував загубата да се случи во толкави парчиња“
Пејачката Ријана има два сина со партнерот АСАП Роки, а сега откри со каков проблем се соочила по породувањето.
Имено, таа веќе некое време има многу пократка коса од порано, а сега ја призна и причината за тоа.
„Не очекував дека опаѓањето на косата ќе се случи во толкави парчиња. Мислев дека тоа едноставно ќе се случи и дека косата повторно ќе порасне после тоа“, рече таа, пренесува „Пејџ шест“.
Пејачката истакна дека поради ова ја скратила косата. Отпрвин носеше перики, но сега го прекина и тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мексиканска пејачка и актерка падна на ревија на модната недела во Париз: „Најдобриот момент од мојот живот“
Мексиканската пејачка и актерка Белинда Перегрин Шул (35) падна на модна ревија за време на модната недела во Париз. Белинда учествуваше на ревијата на L’Oreal Walk Your Worth и се сопна и заврши на подот на пистата.
Пејачката Анита, која беше дел од ревијата, и пријде да и помогне и ја поттикна да ја одработи ревијата до крај.
Белинда подоцна се пошегува за себе на социјалните мрежи.
„Не е важно колку пати ќе паднеш, туку како ќе станеш. Ти благодарам Анита“, напиша таа.
Таа го спореди својот пад со падот на Кери Бредшо во серијата Сексот и градот, во епизодата The Real Me.
„Најдобриот момент во мојот живот иако не го замислував така“, се пошегува таа.
Забава
„Скопје винил конвенција“ годинава со специјално катче за најмладите
На 5-ти октомври, од 12 часот, Куршумли Ан ќе биде домаќин на „Скопје винил конвенција“ (Skopje Vinyl Convention).
Оваа година, освен музиката, предвидено е и специјално детско катче “Жабец” за најмладите. Децата ќе можат да учат за природата преку креативни „лего“ работилници и интересни експерименти, дизајнирани да ја поттикнат нивната љубопитност и креативност.
Организаторите на настанот најавуваат забавни активности, музика и многу нови знаења.
Забава
Бред и Инес привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу
Актерот Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон (31) привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу.
Двојката учествуваше на настанот Rock4EB на EBMRF, кој имаше цел да собере средства за истражување и третман на ретка состојба на кожата – epidermolysis bullosa.
За оваа пригода Бред и Инес го координираа својот изглед еден со друг. Актерот носеше бела кошула и беж панталони со жолт кариран дезен, а Инес избра бела маичка со тенки прерамки и беж панталони.