Забава
Роберт Дауни Јуниор позира со сопругата на наградите „Еми“
На доделувањето на наградите „Еми“ беше присутен и Роберт Дауни Јуниор со сопругата Сузан Дауни.
Роберт беше облечен во тегет костум, а Сузан во долг црвен фустан со светки. На црвениот тепих позираа со насмевки на лицата.
Двојката е во брак од 2005 година. Тие се запознале на снимањето на филмот „Готика“.
„Ручавме со режисерот и Хали Бери. Ми се чинеше дека Роберт е интересен, но и чуден. Пред да почнеме врска, бев многу фокусирана, решителна и ориентирана кон работа. Не ми беше грижа дали ќе имам семејство, не размислував за децата, не дека не ги сакав тие работи, туку тогаш имав некој што дојде како торнадо, полн со енергија и страст“, вели сопругата.
Роберт ја побарал за жена само неколку месеци по запознавањето, а се венчале во 2005 година. Исто така, Сузан му помагала на својот партнер кога тој минувал низ тежок период. Потоа, вели, се борел со алкохолизмот. „Му реков дека нема да успееме на овој начин. Мислам дека, конечно, сфати дека има нешто магично меѓу нас”, изјави таа за „Харпер базар“.
Сузан работи како филмски продуцент. По средното училиште, таа се запишала на Универзитетот во Јужна Калифорнија, каде што присуствувала на Факултетот за филмска уметност. По дипломирањето, таа работеше, првин како асистент во Threshold Entertainment, а потоа и на развојот на франшизата Mortal Kombat. Години подоцна таа ја напушти продуцентската куќа Silver Pictures, а таа и Роберт потоа го основаа тимот „Дауни“.
Кога Роберт го доби својот прв „Оскар“ на почетокот на оваа година за споредна улога во „Опенхајмер“, тој ја спомена сопругата во својот говор.
„Зошто сега го додавам името на мојата сопруга, од која научив толку многу на листата на суперталентирани актери? Затоа што 22 години таа беспрекорно прикажуваше здрава и рационална личност, која е во среќен брак со актер“, изјави Дауни за време на својот говор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сопругата на актерката Ребел Вилсон е бремена
Семејството на актерката Ребел Вилсон е на прагот да добие уште еден член. Нејзината сопруга Рамона Агрума објави дека е бремена и дека го очекуваат своето второ дете, повеќе од една година по нивната венчавка во септември 2024 година.
View this post on Instagram
Рамона ја сподели среќната вест на својот инстаграм-профил. „Најсреќната вест во нашето семејство“, напиша таа. „Набргу ќе бидеме четворица! Бебето број 2 е на пат. Те сакам, Ребел Вилсон“.
Заедно со објавата таа сподели трогателно видео, на кое се прикажани семејни фотографии, како и видео од позитивен тест за бременост. Рамона гордо го покажа својот труднички стомак.
View this post on Instagram
Проширувањето на семејството долго време беше желба на актерката. Набргу по добивањето на ќерката Ројс преку сурогат-мајка во ноември 2022 година, таа откри дека логистичките проблеми биле единствената пречка.
„Би сакала да имам уште едно дете“, изјави таа за „Е! Њуз“ во август пред две години. „Прашањето е: „Дали е можно?“ Морам да одам преку ин витро фертилизација. Ќе видиме како ќе оди“.
View this post on Instagram
Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Ројс Лилијан, која е родена во ноември 2022 година преку сурогат-мајка.
Ребел сподели емотивна објава во тоа време.
„Не можам ни да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа, таа е прекрасно чудо! Благодарна сум им на сите што беа вклучени (знаете кои сте), ова се правеше со години, но особено би сакала да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка, која ја носеше и ја роди со таква грациозност и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам свое семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок! Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси целата љубов што можам да ја замислам. Учам бргу… Ги почитувам сите мајки! Се гордеам што сум во вашиот клуб“.
фото/депозитфотос
Забава
Крива Паланка осветлена со декорации: „Новогодишната бајка може да почне“
Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.
Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да почне посакувајќи празничното осветение да донесе радост, мир и надеж за сите жители.
Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.
Забава
Таа со години живее бесплатно на крузер : „Јадам и пијам што сакам, но под еден услов“
Кристин Кестелу и нејзиниот сопруг Питер живеат на крузер со години, а таа неодамна откри како изгледа тоа искуство.
Оваа 44-годишна жена, по потекло од Америка, решила да го напушти традиционалниот живот на копно. Се ослободила од грижата за кирија и кредити и наместо тоа, почнала да заработува пари пловејќи низ светот.
За време на едно од патувањата, таа го запознала и својот сопруг, кој ја дели нејзината страст за крузери, објавува „Дејли стар“.
View this post on Instagram
Иако повеќе не работи како директорка за крстарења (лицето одговорно за организирање забава и активности), Кристина сè уште останува на бродот како гостинка со својот сопруг – најмалку шест месеци во годината.
Денес, таа создава содржина за социјалните медиуми документирајќи го животот на отворено море. Повеќе од милион луѓе ги следат нејзините дневни рутини на „Тик-ток“, каде што таа одговара на прашања од љубопитни гледачи за овој неконвенционален начин на живеење
„Животот и работата на крузер е посебен свет што многу луѓе не го разбираат“, објаснува Кристина.
Како сопруга на член на екипажот (Питер е главен инженер на бродот), Кристина има пристап до просторот за персонал и патници, со услов да мора да носи значка за идентификација. Таа може да ужива во луксузните погодности на бродот – базени и спа-центри, ресторани и сите погодности.
И покрај предрасудите дека крузерите не се најбезбедна средина, таа тврди поинаку.
„Над 260 крузери што им припаѓаат на повеќе од 60 компании пловат секој ден. Инцидентите се навистина ретки, иако стотици илјади луѓе пловат секој ден“, вели таа.
Таа додава дека често се вели дека крузерите се проблематични, но според искуството на нејзиниот сопруг, тоа не е вистина.
View this post on Instagram
„Питер е на море 34 години и бил болен само еднаш. Тоа се илјадници и илјадници дена. На крајот, сè се сведува на миење раце“, нагласува Кристина.
Сепак, постои едно правило што мора строго да го почитува – не ѝ е дозволено да се коцка во казиното на бродот.
Исто така, како креатор на содржини за мрежите Кристина се придржува до строги правила за приватност – таа не ги снима патниците или членовите на екипажот, без нивна изречна дозвола.
Со повеќе од една деценија на море,се чини дека таа целосно ужива во својот неконвенционален, луксузен живот – и без никакви трошоци за домување.

