Контакт

Забава

Розенкранц и Вулф промовираат ТВ-мрежа за забавни вести

Објавено пред

Клодија Розенкранц и Едријан Вулф, двајцата ветерани од ТВ-индустријата кои го претворија квизот „Кој сака да биде милионер?“ во глобален феномен, промовираат телевизиска мрежа за шоубиз вести во стилот на „Си-ен-ен ентертеинмент“, како дел од нивната продукцијата на Студио 1, објави „Дедлајн“.

dobivaj vesti na viber

Нивниот проект „ЛИТ“ се емитува во живо на Јутјуб, Инстаграм, Фејсбук и Твитер, а сега двајцата планираат вестите од светот на шоубизнисот, филмот, модата и слично да се емитуваат на специјален телевизиски канал – како дестинација за млади луѓе кои не користат социјални мрежи а сакаат да дознаат новости во врска со нивните омилени ѕвезди од телевизијата, филмот, музиката, како и онлајн инфлуенсери.

„Лит“ во моментов се емитува во живо по еден час секој ден, но амбиција е во наредните три години да прерасне во 24-часовна програма со шоубиз вести кои ќе се емитуваат низ целиот свет.

Додека оди во живо на социјалните медиуми, „ЛИТ“ е во преговори со неколку големи стриминг-платформи во врска со дистрибуција, а веќе стана партнер со индонезискиот стример Каскус, пренесува „Дедлајн“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Венеција го доби она што го заслужуваше – Емили Блант во најелегантната креација

Објавено пред

Актерката Емили Блант конечно прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и ни даде на сите момент за паметење.

dobivaj vesti na viber

Иако сите коментираат за нејзината нова боја на коса, Емили успеа да го засени сè што видовме претходно со својот фустан. Таа го покажа целиот гламур што го поседува фустанот од Тамара Ралф кој има кристални детали и нагласен струк и колкови.

Иако фустанот е едноставен на прв поглед, благодарение на сјајот и скулптуралните акценти, лесно може да се претера со деталите, правејќи сè да изгледа кичесто и невкусно. Сепак, Емили е мајстор во овие ситуации.

Таа додаде ефективни висечки обетки на својот бајковит стил и дополнително ја нагласи својата убавина со шминка. Овој пат, се одлучи за црвен кармин и го заокружи стариот холивудски стил што го донесе во Венеција.

Во еден момент, на Емили на црвениот тепих ѝ се придружи Двејн Џонсон, кој блескаше во сиво одело, а заедно двајцата добија само позитивни реакции од публиката.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Како ангели: близначките ја покорија Венеција

Објавено пред

Близначките Спенсер, Лејди Амелија и Лејди Елиза, внуки на покојната принцеза Дајана, блескаа на црвениот тепих на 82-от Филмски фестивал во Венеција!

dobivaj vesti na viber

Нивното појавување предизвика големо внимание, бидејќи изгледаа како ангели во речиси идентични фустани, и покажаа што значат елеганција и софистицираност.

Нивните божествени креации во нежни, пастелни бои беа исткаени од лесен тил и зрачеа со модерна женственост.

Лејди Амелија носеше фустан во боја на праска, со проѕирен наметка што навистина даваше впечаток дека сме во модерна бајка, додека Лејди Елиза се одлучи за фустан во боја на мента, исто така со лесен наметка што лебдеше додека одеше.

Тие носеа и луксузен дијамантски накит, при што Лејди Елиза ѝ оддаде почит на принцезата Дијана со препознатлив прстен од сафир. Едната сестра имаше висока пунџа, а другата се одлучи за висока фатена коса.

Едноставното, ненаметливо, но толку спектакуларно и впечатливо модно издание на прекрасните близначки го воодушеви светот, а тие покажаа дека гламурот не значи силни бои, провокативни креации, голотија или претерување во која било смисла – само хармонија, во сè.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) И модната класика на неа е спектакл

Објавено пред

Амал и Џорџ Клуни ја напуштија Венеција по неколку дена на Филмскиот фестивал, каде што уште еднаш нè убедија дека се еден од најхармоничните познати парови.

dobivaj vesti na viber

Амал Клуни и Џорџ Клуни присуствуваа на овогодинешниот Венециски филмски фестивал, кој трае до 6 септември, а во таа прилика можевме да ја видиме познатата адвокатка во разни модни изданија во кои ја воодушеви светската јавност. За крај остави уште еден непогрешлив моден избор, но овој пат малку покласичен.

Славниот пар престојуваше на езерото Комо, а фотографите не ги испуштија од вид. Ја видовме Амал во прекрасни жолти комбинации, а потоа нè освои во розов мини фустан кој ја истакнуваше нејзината женственост и неверојатна фигура, и нè потсети зошто го заклучи срцето на познатиот шармер Џорџ Клуни.

При заминувањето од фестивалот, тие повторно беа фотографирани држејќи се за раце, а Амал воодушеви со сосема поинаков избор од оној што го видовме на црвениот тепих во последните денови.

Станува збор за моден класик во црна боја, едноставен, тесен миди фустан со едноставен крој кој ја следи линијата на телото и кој го комбинираше со бели чевли и сламена шапка со голем обод.

Тука се и големи црни очила за сонце, лежерна коса со свиткани прамени, но и нејзиниот сакан – Џорџ Клуни, кого овој пат го држеше под рака.

Таа повторно нè убеди во своите беспрекорни модни избори, но и дека некои парчиња навистина вреди да ги имате во вашиот гардеробер, бидејќи се за секоја пригода.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа49 минути

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет1 час

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа1 час

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа2 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија11 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија14 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија15 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија17 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија19 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија20 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија20 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ21 час

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија21 час

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија21 час

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија23 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија23 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет1 ден

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...