Забава
Роџер Федерер ќе стане прв милијардер во тенисот
Роџер Федерер пред крајот на годината ќе влезе во клубот милијардери спортисти во кој се Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, објави „Бизнис инсајдер“.
Дваесеткратниот гренд-слем шампион во моментов е трет најдобар машки играч во светскиот тенис, рангиран малку подолу од неговиот највисок рекорд од вкупно 310 недели како број 1.

Во текот на престојот на врвот на својата професија швајцарскиот играч генерираше куп пари од наградни фондови на турнирите во кои учествуваше, како и од спонзорски договори со сини чипови.
Официјалните бројки на АТП посочуваат дека Федерер заработил неверојатни 129 милиони долари со неговите успеси во тенисот во синглови и двојки.
Но, оваа цифра бледее во споредба со она што тој го заработил од неговиот договор со јапонскиот производител на облека Uniqlo и партнерства со „Кредит Свис“, „Мерцедес-Бенц“ и „Ролекс“.
Годишните приходи на Федерер, вклучително и парични награди и спонзорства, достигнуваа 93,4 милиони американски долари.
Тенис.ком додава дека со договорот со „Најк“ – инвестиција во фирма за спортски патики Он (On) – и пари добиени од егзибициони тури, „заработката на Федерер во и надвор од тениските терени се приближува на 900 милиони долари, плус 200 милиони долари од спонзори.“
Доколку Федерер стане милијардер, тоа ќе биде првпат спортист кој се натпреварува во тенис да ја надмине бариерата, додава Tennis.com.
Федерер (38) ќе им се придружи на другите спортисти милијардери, меѓу кои се Џордан, Вудс и Мејведер.
Швајцарецот моментално во Мелбурн се подготвува за првиот гренд-слем настан во годината – Австралија опен 2020 година – турнир кој на победникот во синглови поединечно му доделува 2,83 милиони долари.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

