Забава
Сасексови ѝ кажаа на кралицата дека наскоро ќе ги прегрне Лилибет и Арчи

Принцот Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека ќе ги види своите правнуци, Арчи и Лилибет, во блиска иднина.
Војводата и војвотката од Сасекс го дадоа ветувањето при нивната посета на Лондон, најавувајќи ја можноста повторно да дојат за платинестиот јубилеј.
Двојката во четвртокот замина во Велика Британија од Калифорнија на тајна средба лице в лице со 95-годишната монархиња – која допрва треба да ја запознае својата правнука Лилибет.
Тие, исто така, ги видоа принцот Чарлс и војвотката од Корнвол во текот на посетата на замокот Виндзор.
Сепак, тие не се сретнаа со принцот Вилијам, кој минатата недела замина на скијање на француските Алпи со сопругата Кејт и нивните три деца – иако знаеше за посетата на Хари и Меган, пренесува „Мирор“
Ова беше прво заедничко патување на Сасексови во Обединетото Кралство откако се откажаа од кралскиот живот во март 2020 година. Високи кралски извори ги опишаа средбите како „неверојатно топли и многу срдечни.“
Британските медиуми потсетуваат дека кралицата претрпе низа здравствени проблеми во последните месеци. Покрај ноќевање во болница поради необјаснета состојба, таа боледуваше од Ковид во февруари и имаше влошени проблеми со мобилноста.
Извор близок до Сасексови рече: „И војводата и војвотката се свесни дека кралицата старее и има здравствени проблеми поврзани со нејзината возраст.
„Тие јасно ставија до знаење дека сигурно планираат да се вратат да ја видат со своето семејство во блиска иднина.“
Рекордното 70-годишно владеење на кралицата Елизабета Втора, односно платинестиот јубилеј, ќе се прославува во целата земја со продолжен празничен викенд од 2 до 5 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.