Забава
Свршеникот на Бритни ја прослави веста за суспендирањето на татко ѝ
Свршеникот на Бритни Спирс, Сем Асгари, беше меѓу првите што ја прославија веста за суспендирање на нејзиниот татко од конзерваторскиот надзор.
Судијката Бренда Пени од Вишиот суд во Лос Анџелес донесе одлука во средата дека таткото на Бритни, Џејми (69), повеќе нема да биде на чело на нејзиниот имот бидејќи таквата опција е неодржлива. Потоа му нареди да ги предаде соодветните документи на Џон Зебл, овластен јавен сметководител, кој сега привремено ќе има надзор над имотот на 39-годишната поп-пејачка вреден 60 милиони долари.
Одлуката означува огромна пресвртница во напорите на Бритни за укинување на правниот аранжман кој постои од 2008 година.
Судијката закажа ново рочиште на 12 ноември кога ќе треба да се одлучува дали конзерваторскиот надзор над Бритни ќе биде трајно прекинат.
По вестите во средата, членовите и симпатизерите на движењето FreeBritney се собраа пред судот воодушевени од одлуката на судијката.
И на социјалните медиуми фановите на поп-ѕвездата го искажаа своето задовoлство.
27-годишниот свршеник на Бритни, Сем Асгари, веднаш ја прослави веста со објава на социјалните мрежи.
Актерот сподели инстаграм-стори со кратка порака. „#Фри Бритни! Честитки!!!!!“

А на профилот сподели црно-бела фотографија на лавица со наслов: „Моќта на лавицата“. Фановите веднаш коментираа со честитки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Трајна забрана за приближување за сопругот на Дениз Ричардс по обвинувања за злоупотреба
Дениз Ричардс изјави дека се чувствува добро откако судот одобрил трајна забрана за приближување за нејзиниот отуѓен сопруг, со важност до 7 ноември 2030 година. Забраната опфаќа приближување на помалку од 90 метри до актерката и нејзиното работно место, како и целосна забрана за контакт.
Ричардс настанот го прокоментирала на „Браво Кон“, наведувајќи дека процесот е тежок и дека има силна поддршка. Таа оценила дека е многу застрашувачки да се минува низ развод во јавност и дека во реалити-програмите приватниот живот е целосно изложен.
Актерката во јули поднела барање за развод, обвинувајќи го својот сопруг Арон Фајперс за често и насилно злоупотребување. Фајперс ги негира обвинувањата и по судската одлука изјавил дека сакал пресудата да биде поинаква.
Во октомври, за време на сослушување за продолжување на привремената мерка, сведочела и неговата братучетка Кетлин Мекалистер, по што Фајперс бил уапсен во судницата. Минатиот месец против него биле подигнати обвиненија за нанесување телесни повреди на сопружник и за попречување на сведоци со сила или закана. Тој бил пуштен на слобода по уплата на кауција од 200.000 долари.
Фајперс, пак, возвратно ја обвинил Ричардс за неверство и вознемирување – обвинувања што актерката ги демантира. Постапката за развод сè уште трае.
Забава
Пијана баба ја возела внуката на мопед – полицијата во Белгија во неверување по признанието колку пијачки испила
Локалната полиција на округот Ривиеренланд на север од Белгија запрела вкупно 994 возачи, вклучувајќи и неименувана баба, за време на контролите на сообраќајот за алкохол и дрога.
Властите објавуваат дека жената ја возела на мопед својата 9-годишна внука и дека нивото на алкохол во крвта ѝ било утврдено на 1,49 промили.
Бабата признала дека испила четири чаши џин-кола, а полицијата ѝ ја одзела возачката дозвола на 15 дена, објави белгискиот јавен сервис „ВРТ“.
Фото: илустрација
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин

