Забава
Свршеницата на Безос критикувана за облеката на инаугурацијата: „Ја заборавила кошулата“

Свршеницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, се најде на удар на критики поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Доналд Трамп.
55-годишната Лорен се појави во бел мантил, но ја шокира јавноста откако го соблече и се појави во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, што многумина го сметаа за несоодветна облека за историскиот настан.
Meanwhile, #Laurensanchez forgot to put a fucking shirt on.#Inauguration2025 #Inauguration #InaugurationDay #Trump #DonaldTrump #JoeBiden #USA #JeffBezos
— CPJK (@C_Pj_K) January 20, 2025
„Лорен Санчез носи градник“, „Ја заборави кошулата“, „Не си во ноќен клуб. Покажи класа и достоинство“ и „Таа се труди толку многу, но толку лошо и`оди“, се некои од коментарите се на „Икс“.
#laurensanchez trying so hard, and failing harder. #Trump #Inauguration2025
— Ratrage (@ratrage) January 20, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Почина актерот Вал Килмер

Холивудскиот актер Вал Килмер почина на возраст од 65 години. Актерот починал од пневмонија во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за „Њујорк тајмс“.
Килмер се борел со рак на грлото со години, кој му бил дијагностициран во 2015 година.
Роден и израснат во долината Сан Фернандо, тој се прослави со улогите на Том Ајсмен Казански во филмот „Топ Ган“ од 1986 година, Џим Морисон во „Д дорс“ од 1991 година и улогата на Бетмен во „Бетмен засекогаш“ од 1995 година.
Забава
(Фото) Прослава кај Бекамови, на списокот на гости големи имиња од јавниот живот

Прославата на 50-тиот роденден на Дејвид Бекам започна малку порано во семејството Бекам, а на социјалните мрежи веќе се појавија „семеен портрет“ и фотографии од забавата.
Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам треба да го прослави својот голем 50-ти роденден на 2 мај, но се чини дека еуфоријата започна малку порано.
Викторија и Дејвид споделија поглед од атмосферата во заедничка објава на Инстаграм.
Како што можете да видите, целото семејство позирало за таа една „голема“ фотографија по повод роденденот на Дејвид, а имавме можност да ги видиме Дејвид и Викторија, нивните деца, но и партнерките на Круз и Ромео Бекам.
Таму беше и миленичката на семејството – Харпер Бекам, која за оваа пригода носеше свилен фустан со потписот „Викторија Бекам“.
Според пишувањата на странските медиуми, спектаклот пред самиот спектакл започнал во Мајами, а на списокот на гости имало големи имиња од јавниот живот.
На прославата покрај Лионел Меси и Том Брејди присуствуваше и најпознатиот модел од 90-тите Синди Крафорд, потоа актерката Ева Лонгорија, но и сопругата на Меси, Антонела Рокузо, која повторно блесна во зелен макси фустан.
Забава
(Видео) Авионот на Двејн Џонсон принудно слета поради дефект: „Мислев дека тоа е крајот“

Двејн Џонсон, најплатениот актер во 2024 година, доживеа драматичен момент при лет со авион што го принуди да го откаже патувањето во Тексас каде што требаше да учествува на спортски настан на новата американска фудбалска лига – Обединетата фудбалска лига (UFL).
На својот Инстаграм профил, 52-годишниот актер го сподели своето искуство од лет кој тргна наопаку. Имено, тој летал со приватен авион од Хаваи кога по 40 минути лет му пришол пилотот со сериозен израз на лицето.
„Пилотот клекна пред мене, ме погледна во очи и рече: Господине Џонсон, извинете, но не можеме да го продолжиме летот преку океанот. Имаме проблем и мора да се вратиме во Хонолулу“, раскажува Џонсон.
Пилотот, кого го именуваше како капетан Дејвид, му објаснил дека се работи за проблем со хидрауликата и прегревање, што не е нешто со кое треба да се ризикува над Тихиот Океан. „Благодарен сум што нè врати безбедно на земјата. Го сфатив ова како знак од Бога и универзумот да застанам и да размислам“, додаде тој.
Актерот исто така призна колку бил стресен летот, особено поради турбуленциите кои биле толку силни што пијалоците и багажот летале низ авионот. Во тој момент, вели тој, размислувал за работите кои му биле навистина важни во животот.
„Сите сме доживеале турбуленции, но ова беше лудо. И, се разбира, вие велите: Дали е ова? Дали вака си заминувам?“, искрено призна тој.
„Седев сам, со пијалок во раката и се ми стана јасно – што е важно, а што не. Имав еден од тие моменти”, заклучил актерот, нагласувајќи дека сега уште повеќе ќе го цени животот и она што навистина има вредност.