Забава
Селена Гомез промовира сопствена мејкап-колекција

Таа официјално ја промовираше својата нова колекција на шминки „Реар бјути“ во четвртокот.
И, Селена Гомез го одбележа настанот споделувајќи фотографија на својот Инстаграм на која позира со своето кученце Дејзи опкружена со балони.
„Многу возбудена, иако посакувам да можеме да славиме во живо“, напиша 28-годишната пејачка и актерка во објавата. „Му благодарам на мојот неверојатен тим во @rarebeauty и нашата заедница! Ова е само почетокот!!!’
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шекил О’Нил фотографиран во продавница во Њујорк: привлече внимание со својата висина

Шекил О’Нил беше фотографиран во продавницата на Хермес во Њујорк. 53-годишниот пензиониран кошаркар се фотографираше со неколку навивачи кои го забележаа и му се приближија. Тој привлече внимание со својата висина. О’Нил е висок 2,16 метри.
Интересно е што О’Нил честопати беше највисокиот учесник на разни настани, што дополнително ја нагласуваше неговата висина. На пример, за време на доделувањето на трофејот на Големата награда на САД во Формула 1 во 2021 година, неговата висина беше особено забележлива во споредба со возачите на Формула 1, кои обично се пониски. Сопругата на Шакил, продуцентката Шони О’Нил, е висока 1,7 метри.
Шакил О’Нил играше за шест НБА тимови и освои четири шампионски титули во текот на својата 19-годишна кариера. Откако беше прв избор на НБА драфтот во 1992 година, О’Нил веднаш импресионираше, освојувајќи ја наградата за дебитант на годината и водејќи ги Меџик до нивниот прв настап во НБА финалето во 1995 година.
Забава
Принцот од Врање по елиминацијата: „Го оставив срцето на сцената“

Принцот од Врање, претставникот на Србија на Евровизија, настапи претпоследен во втората полуфинална вечер. Тој се натпреваруваше со баладата Мила, но не успеа да стигне до финалето.
Откако беше елиминиран од натпреварот, тој се огласи на својот Инстаграм профил.
„Ви благодарам на сите прекрасни луѓе што гласаа и ме поддржаа мене и српскиот тим. Дадовме сѐ од себе, го оставив срцето на сцената и се надевам дека тоа беше почувствувано. Задоволен сум и горд на целиот тим. Ве сакам сите многу. Ајде да продолжиме понатаму“, рече тој.
Забава
(Фото) Мис Универзум 2016 блесна како Анџелина Џоли: носеше фустан со изрези, а ногата ѝ беше во преден план

Француската водителка и Мис Универзум 2016 Ирис Митенер го привлече вниманието на присутните на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со својата елегантна облека.
Таа носеше црн фустан со исечоци кој ги истакнуваше нејзините гради и нозе. Таа го надополни својот изглед со малку виткана фризура, шминка во природна боја, обетки, ѓердан и црни потпетици.
Angelina Jolie at the Oscars (2012) pic.twitter.com/1362u87nCj
— ✨Raquel & her Minions✨ (@THENAGODOFWAR) October 8, 2022
Потсети на изданието на Анџелина Џоли во кое се појави на Оскарите во 2012 година.
Митенер стана втората Французинка што ја освои круната, освојувајќи го изборот за Мис Универзум 2016.