Забава
Сергеј Трифуновиќ ја напушти Хрватска по протерувањето од земјата
Актерот Сергеј Трифуновиќ е депортиран од Хрватска, пишува Телеграф.рс.
Актерот на 22.09. пристигнал во Белград, а цело време со него била и сопругата Исидора, родена во Риека.
Потсетуваме, Трифуновиќ беше протеран од Хрватска на три месеци. Овој пат санкцијата не важи за ЕУ, туку само за Хрватска. Одлуката за протерување стапи во сила во првата минута на 23 септември, па Трифуновиќ на 22 септември мораше да биде надвор од територијата на Република Хрватска.
Тој беше уапсен минатата недела околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека поминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот еден ден претходно изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени, за што отворено зборуваше во подкастот „Team Deakins“. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансираше кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во „Heavenly Creatures“ ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминираше со светска слава по филмот Titanic. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и својот режисерски деби со филмот „Goodbye June“, достапен на Netflix.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на LGBTQ+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност, поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за стајлингот на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многу пати на големи настани, особено за време на бројните промоции на филмот „Song Sung Blue“.
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата „Watch What Happens Live“ носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел без прерамки што ја следи линијата на телото.
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на аутфитот доза на луксуз. Стајлингот го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот DJ приреди моќен арена настап и незаборавна електронска вечер во Арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски DJ и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамки на „The Arena Experience“, во организација на Music Rituals.

Вечерта започна со програма на домашни изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq, и странски изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук, Махмут Орхан ја донесе глобалната клубска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.


