Забава
Сестрана легенда: Кијану Ривс својата заработка од оригиналниот „Матрикс“ ја донира во добротворни цели
Доброто момче од Холивуд, Кијану Ривс, наводно го донирал најголемиот дел од својот хонорар од „Матрикс“ – првиот филм од научнофантастичната сага – на центар за истражување леукемија.
Американските медиуми потсетуваат дека Ривс се вози во метро и им го отстапува своето место на други патници. Го намалил својот хонорар во „Матрикс“ за неговите соработници да добијат поголема плата, а и дека помагал при разнесување техничка опрема за време на снимањето на „Џон Вик“.
Според „Лед бајбл“ (LAD Bible), 57-годишниот актер донирал 70 % од својата плата од првиот филм „Матрикс“ од 1999 година – огромни 44 милиони долари – за да помогне да се најде лек за леукемија.
Токму за време на успехот на „Матрикс“, Ривс одлучи дека треба да биде поблиску до својата болна сестра Ким и ја стави својата актерска кариера на пауза.

Снимањето на продолженијата беше одложено, а Кијану ѝ стана негувател на Ким. Дури и кога ракот се повлече и нејзината состојба значително се подобри, Кијану и понатаму донира пари за истражување и на крајот основа сопствен фонд за борба против ракот.
„Имам приватна фондација што работи пет или шест години и помага на детски болници и на центри за истражување рак. Само не сакам моето име да се споменува. Им обезбедувам средства и тие си ја вршат својата работа“, скромно откри Кијану во едно интервју.

Да – тој го прави сето ова под радарот, без потреба да се фали или да биде во центарот на вниманието. Затоа што тоа е типично за Кијану, коментираат американски медиуми додавајќи: „Дали е, конечно, време Кијану Ривс да се прогласи за светец заштитник?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

