Забава
Се ожени братот на Анџелина Џоли, актерката не беше на свадбата
Братот на Анџелина Џоли, Џејмс Хевен, тајно се ожени со Роми Имбели, ѕвезда на американското реално шоу The Real L Word. Роми ја откри веста објавувајќи фотографии и видеа од венчавката која се одржа на 12 август во Калифорнија.
„Во 2024 година се омажив за мојот најдобар пријател, со кој сум 23 години. Деталите од нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сите ги пишувам во мојата книга. Денот на нашата венчавка беше интимен, само ние и нашите родители додека си разменивме завети. Планираме поголема прослава подоцна“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Лили Колинс ја покажа својата ќерка, но наместо честитки, доби остри критики
Актерката Лили Колинс неодамна ја сподели среќната вест дека таа и сопругот Чарли Мекдауел станаа родители. Нивната ќерка ја роди сурогат мајка, што предизвика различни реакции во јавноста. По критиките кои се појавија на социјалните мрежи, Чарли одговори на негативните коментари, а во понеделникот ја сподели првата фотографија од Лили со нивната ќерка Тове.
На објавената фотографија Лили е фотографирана одзади додека се шета со количка, а самата актерка ја сподели сликата на својот Инстаграм и напиша: „Целосно блаженство“. Чарли додаде две емотикони со срце на објавата.
Парот веста за доаѓањето на нивната ќерка ја сподели со фотографија од неа. „Добредојде во центарот на нашиот свет, Тов Џејн Мекдауел. Со зборови не може да се искаже нашата бескрајна благодарност до неверојатната сурогат мајка и сите кои ни помогнаа на ова патување. Те сакаме до Месечината и назад”, напишаа тие.
Иако добија бројни честитки, се соочија и со негативни коментари. Критичарите истакнаа дека богатите парови „изнајмуваат женски тела“ и го споредија сурогат мајчинството со трговија со луѓе. Некои шпекулираа дека Лили се одлучила на овој чекор за да го зачува својот изглед.
Чарли одговори преку социјалните мрежи: „Во врска со непријатните пораки за сурогат мајчинството и нашето патување до раѓање на дете – сосема е во ред да не се биде експерт за сурогат мајчинство. Во ред е да не се знае зошто некому би му требала сурогат мајка за да има дете. Во ред е да не ги знаете мотивите за сурогат мајка, без оглед на вашите претпоставки. И во ред е да се троши помалку време за исфрлање зборови со омраза во светот, особено кога станува збор за прекрасно девојче кое внесе толку многу љубов во животот на луѓето. Тоа е сè за сега бидејќи треба да и ја сменам пелената“.
Забава
(Видео) Лејди Гага го објави новиот сингл „Абракадабра“, во спотот учествуваат 40 танчери
Лејди Гага објави нова песна. „Абракадабра“ за еден ден собра 8,4 милиони прегледи на YouTube и ги воодушеви обожавателите.
Пејачката премиерно ја изведе Абракадабра на доделувањето на Греми наградите. Споменатиот сингл е дел од нејзиниот претстоен албум Mayhem, кој ќе излезе на 7-ми март.
Забава
Познатата азиска актерка Барби Хсу почина од грип
Почина познатата тајванска актерка и водителка Барби Хсу, објави „Глобал Тајмс“. Хсу почина на 48-годишна возраст за време на патување во Јапонија, откако се зарази со грип што доведе до пневмонија. Според извештаите, таа неколку дена се чувствувала лошо, не го напуштила хотелот, а Итната помош интервенирала двапати. За жал, таа не добила навремена лекарска помош и починала во болница.
На социјалните мрежи се појавија дискусии за тоа каде точно се заразила од грип што ја довел до смрт – во Тајван или во Јапонија. Според нејзината помлада сестра Ди Хсу, Барби заболела од грип за време на семејно патување во Јапонија. Ди Хсу не го прецизираше местото и времето на смртта на нејзината сестра.
Нејзината смрт предизвика дискусии за грипот и здравствениот систем во Јапонија на кинеските социјални мрежи, каде што корисниците ги споделија своите искуства со лекувањето на грип во таа земја.
Темите поврзани со сериозноста на грипот во Јапонија станаа вирални на кинеските социјални мрежи. Објава со хаштаг „јапонски грип“ е прегледана повеќе од 21 милион пати на платформата RedNote. Друга популарна објава со хаштаг „јапонската болница вели дека останала без лекови и ги советува пациентите да се вратат дома“ беше меѓу најпребаруваните теми на кинеската верзија на Икс, Sina Weibo, во вторникот попладне, со повеќе од 13 милиони прегледи.