Забава
Се раздели од свршеникот, се дружи со Бен Афлек, Џеј Ло никогаш не била посреќна

Џенифер Лопез открива дека никогаш не се чувствувала подобро.
51-годишната пејачка и актерка се раздели од свршеникот Алекс Родригез пред три месеци и потоа повторно ја разгори својата романса со поранешниот партнер Бен Афлек, а сега таа призна дека во моментот го поминува најдоброто време од својот живот.
„Јас сум суперсреќна. Луѓето постојано прашуваат: „Како си? Што се случува? Дали си добро?“ Ова е тоа. Никогаш не сум била подобро“, рече таа.
„Сакам луѓето што се грижат за мене да знаат дека навистина стигнав до место во мојот живот, каде што сум одлично сама. И мислам дека кога ќе стигнете на тоа место, тогаш ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте помислувале дека ќе се повторат во вашиот живот“.
Таа не го спомна Бен по име кога изјави дека ги цени целата љубов што ѝ доаѓа и убавите желби од фановите, но повторно истакна колку се чувствува среќна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
Забава
Секогаш подготвени за кавга, бесот им е второто име: овие хороскопски знаци можат да ги изгубат нервите поради ситница

Со сигурност можеме да ги наречеме кралеви на нервните сломови, нивното трпение секогаш е при крај, па дури и најмалата работа може да ги исфрли од рамнотежа.
Ако некогаш сте помислиле дека некој е премногу драматичен и дека ги губи нервите поради ситници, голема е шансата да припаѓа на еден од овие два хороскопски знаци.
Нивниот стрес, напнатост и емоционални реакции им се познати на сите околу нив.
Овен
Импулсивен, темпераментен и секогаш подготвен за борба, Овните немаат трпение за бавни луѓе, неправда или какво било доцнење. Кога нешто ќе ги исфрли од колосек, нема да морате да погодувате – ќе знаете веднаш.
Девица
Перфекционисти со високи стандарди, Девиците лесно ги губат нервите кога работите не одат според планот. Нивната потреба за ред и контрола ги прави чувствителни на хаос и несовршености.
Без разлика дали се работи за бесот на Овен или за пасивно-агресивна критика на Девицата, овие знаци навистина ја заслужуваат титулата кралеви на нервните сломови.
Забава
(Видео) Снаата на Трамп објави песна, луѓето и се потсмеваат: „Ова е најлошото нешто што сум го слушнала“

Лара Трамп, снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, минатиот петок објави песна наречена No Days Off, која е создадена во соработка со музичарот Френч Монтана.
Сопругата на Ерик Трамп ја изненади јавноста со нов сингл во кој пее за тоа како нејзината работа често се одвива надвор од очите на јавноста. Лара во стиховите зборува за тоа како една личност е многу посложена од она што јавноста го гледа на екранот, а инспирацијата за фотографијата ја најде во филмот „Mr. & Mrs. Smith“.
Додека некои обожаватели на Доналд Трамп се воодушевени од нејзината музика, други безмилосно ја исмеваа, а имаше и интересни коментари, како на пример дека нејзиниот глас е „злосторство против човештвото“.
„Не мора ни да го слушам ова за да знам дека е страшно“, „Ова е најлошото нешто што сум го слушнал“ и „Таа има ужасен глас“, се само дел од коментарите.