Забава
Сигурни Вивер навестува петто продолжение на „Осмиот патник“
Во филмската историја има неколку ликови што засекогаш ќе го издржат тестот на времето, а еден од нив е Елен Рипли на Сигурни Вивер од оригиналните филмови на Alien („Осмиот патник“).
И покрај тоа што поминаа неверојатни 23 години од времето кога Вивер, која сега има 70 години, глумеше херојка што уништува суштества од друга планета, тоа е лик со кој одамна чувствува сродство и со кој би можела да се сретне уште еднаш.

Сигурни Вивер неделава ја навести можноста за петтo продолжение на хит-серијалот „Осмиот патник“, во кој го игра ликот што ја прослави, безвременската херојка Елен Рипли.

Во интервју за списанието „Емпајр“, ѕвездата на Ghostbusters („Истерувачи на духови“) откри некои вести што ќе ги израдуваат фановите на научнофантастични филмови – таа прочитала текст на 50 страници од продуцентот на „Осмиот патник“, Волтер Хил, кој циркулира повеќе од една година, а во кој Рипли е во уште една нова интерпретација.
„Отсекогаш сум чувствувала дека ми е партнер“, рече Сигурни за улогата што првпат ја постави на мапата на популарноста. „Таа е секогаш во мојот стомак“.
Ова е вешта употреба на фраза што алудира на третото продолжение од 1993 година кога Вивер (како поручникот Рипли) беше тело домаќин на кралица вонземјанин (осмиот патник), која излегува од нејзиното торзо во иконската кулминација.
Ова се случи кога актерката направи историја во 1987 година, а една година пред тоа беше номинирана за „Оскар“ за нејзината улога како Рипли во брилијантното продолжение на Џејмс Камерон – и до денес таа е единствената актерка што ѝ го привлече вниманието на Академијата за филм за жанрот научна фантастика/хорор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

