Забава
Силвестер Сталоне без обезбедување на шопинг со својата ќерка

Легендарниот холивудски актер Силвестер Сталоне (73) пазаруваше со ќерката Систин (21), двајцата беа насмеани и се шетаа во Беверли Хилс без обезбедување.
Сталоне носеше црни панталони и бела кошула, над која имаше црна јакна со кожени ракави. Тој го комплетираше сето тоа со кожени чевли, не криејќи го доброто расположение.
Систин носеше бежов џемпер, црни панталони и чизми во иста боја од превртена кожа до колена. Косата ѝ беше врзана во опавче, а од накит носеше златни алки и црни пилотски очила. И таа беше расположена, а многумина коментираа за тоа колку многу наликува на својот татко oд помладите денови.
Силвестер и неговата ќерка одушевија затоа што релаксирано се шетаа без телохранители, а во последно време славниот актер сè почесто пазарува со своите ќерки.
Покрај Систин, Сталоне ги има ќерките Скарлет (17) и Софија (23) со својата трета сопруга Џенифер, со која се ожени во 1997 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Со сините очи и мажественото лице ги воодушевува жените: сите зборуваат за потенцијалниот Џејмс Бонд

Џејмс Нортон би можел да биде новиот Џејмс Бонд откако Амазон го презеде управувањето со познатата филмска франшиза.
Познатиот актер Џејмс Нортон би можел да го оживее новиот Џејмс Бонд, според последните шпекулации. Покрај него се уште е Арон Тејлор-Џонсон за кој долго време се шпекулираше дека ќе може да ја добие улогата, но во конкуренција е и Идрис Елба.
Самиот Нортон се обиде некако да ги демантира гласините на БАФТА наградите, но не успеа, особено кога жените го забележаа.
Младиот британски актер, познат и по улогата на поранешен осуденик во серијата „Happy Valley“, сепак особено ја освои публиката со својот изглед.
Забава
Претпочитаат да уживаат во луксузот и сите слатки работи што ги нуди животот: хороскопски знаци кои не внимаваат со парите

За некои хороскопски знаци парите се едноставно алатка за уживање во животот и често не обрнуваат внимание на тоа колку трошат.
Кога станува збор за управување со пари, некои хороскопски знаци не се познати по тоа што внимателно го пресметуваат секој трошок – тие претпочитаат да уживаат во луксузот и сите слатки работи што ги нуди животот.
Иако инвестирањето во квалитетни производи не е нужно лоша работа, овие знаци понекогаш може да претераат.
Овен
Овните се познати по својата импулсивна природа, а тоа се одразува и во односот кон парите. Овој знак не сака да чека – кога сака нешто, мора веднаш да го има.
Овенот донесува брзи одлуки и го купува она што го сака без да размислува премногу за финансиските последици. Ако видите како Овен импулсивно троши на најновиот гаџет или луксузна облека, не е чудно – тие веруваат дека животот треба да се живее во моментот.
Бидејќи Овенот често делува под влијание на моментална возбуда, трошењето може да стане начин да се доживее адреналинот и да ужива во секој момент.
Лав
Лавовите се карактеризираат со силна желба за внимание и статус, а парите често служат како средство за постигнување на таа цел. Овој знак сака да живее со стил и често се одлучува за скапи набавки кои ќе му овозможат да блеснат во општеството.
Од луксузни автомобили до најнови модни парчиња, Лавовите не штедат кога се работи за работи кои им помагаат да бидат во центарот на вниманието.
За Лавот парите не се само средство за преживување, туку симбол на успех и моќ. Затоа, кога ќе почувствуваат дека им треба нешто ново и впечатливо, тешко им е да одолеат.
Стрелец
Стрелците ја обожаваат слободата и авантурата, а парите често служат како средство за остварување на овие желби.
Патувања, екскурзии, одмори на егзотични дестинации – Стрелците имаат тенденција да трошат на искуства кои им обезбедуваат возбуда и незаборавни спомени. Иако тоа не е нужно лошо, понекогаш забораваат на својот буџет кога ќе се занесат да ја планираат својата следна авантура.
Нивното трошење произлегува од желбата за нови искуства и често не се грижат за цената кога стаува збор за работи кои ќе ги одведат на ново, возбудливо место.
Риби
Рибите се длабоко емотивен и сонлив знак, што значи дека лесно им подлегнуваат на импулсите и желбата за луксузно уживање.
Тие често се препуштаат на трошење на убави работи што им носат чувство на удобност – од убава облека и производи од висока класа до луксузни искуства.
Рибите се склони кон трошење и кога се под емоционален стрес, па парите им стануваат начин да се опуштат и да се „наградат“.
Иако се многу сочувствителни и грижливи, кога се во прашање нивните лични желби, Рибите не се двоумат да се почестат и да трошат на работи кои им обезбедуваат емоционална удобност.
Забава
(Фото) Ким Кардашијан ги покажа своите неверојатни облини во бикини на плажа во Лос Анџелес

Контроверзната Ким Кардашијан уште еднаш ги покажа своите неверојатни облини во бикини додека позираше во плиткото на плажа во Лос Анџелес.
kim kardashian pic.twitter.com/k7U7FbrEEx
— 𝒥 (@yslpradior) February 22, 2025
Серијата провокативни фотографии брзо станаа главна тема на социјалните мрежи, а малкумина можеа да останат имуни на познатата старлета.
Kim Kardashian People 😮💨🩶 pic.twitter.com/vSg9hLrchu
— leandre koffi (@leandek15) February 22, 2025
Ким за својата најнова фотосесија избра син долен дел од бикини, но горниот дел сепак заслужи малку повеќе внимание. Бела, проѕирна маичка која ја претвори во градник со длабоко деколте, а како може да биде поинаку кога се работи за Кардашијан.