Забава
Синот на Шварценегер снима филм на Хаваи
Џозеф Баена, син на холивудскиот ветеран Арнолд Шварценегер, сподели фотографија направена зад сцената на филмот „Лава“, кој моментно се снима во Хонолулу, Хаваи.
Баена најави дека ќе се појави во претстојниот филм со објава на својот инстаграм-профил претходно оваа недела. А сега 24-годишникот ја покажа својата импресивна фигура на тропската локација.

Џозеф исто така напиша кратка порака во која истакна: „Со нетрпение чекам да почне снимањето на Lava со тимот на @bitflixnfts!“ Многу од следачите на социјалните мрежи во делот за коментари фигурата на Баена ја споредија со онаа на татко му.
Lava, кој се снима на Хаваи, се смета за прв филм целосно финансиран од криптовалути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Бруклин Бекам и неговата сопруга во јавност за прв пат по скандалот
Бруклин Бекам и Никола Пелц Бекам беа фотографирани на романтична прошетка на плажа само неколку дена по скандалот што го потресе семејството Бекам, а и светот.
На фотографиите што беа ексклузивно објавени од „Page Six“, ги гледаме вљубените како шетаат на плажата во Малибу, Калифорнија, а нивното крзнено милениче им правеше друштво.
Brooklyn Beckham and Nicola Peltz hold hands on romantic stroll in first photos since brutal tirade against his parents https://t.co/gcsMKOTEMz pic.twitter.com/YPjP19bGOR
— Page Six (@PageSix) January 22, 2026
Двојката цело време се држеше за раце и не ја криеше својата нежност, а судејќи според фотографиите, на Бруклин не му е баш лесно поради моменталната ситуација. Имено, најстариот син на семејството Бекам изгледа доста „запоставено“, односно му пораснала брадата, а тоа не е изгледот што досега го покажуваше јавно.
Како и да е, Бруклин ја прегрна сопругата во еден момент за време на прошетката, а подоцна застана да ја фотографира додека позира со нивното куче.
Нивното заедничко појавување во јавноста доаѓа само неколку дена откако Бруклин објави бројни критики кон целото семејство Бекам.
Тој изјави дека неговиот живот досега бил контролиран од неговите родители, и дека сега, конечно, е ослободен од тие ограничувања.
Забава
Тони Цетински со порака за роденденот на Тоше Проески: „Ти беше мојот брат по душа“
Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод бројни негови пријатели и колеги од музичката сцена се присетија на „славејот од Крушево“ со објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, кој и годинава му оддаде почит со две објави на Инстаграм.
Во првата, пократка објава, Цетински сподели неколку нивни заеднички фотографии и напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.
Во втората објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата, Тони сподели подолга и емотивна порака.
„Тоше засекогаш…
Денес се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.
За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.
Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.
Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.
И никогаш не бараше ништо за возврат.
Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.
Ми недостига неговата смеа, неговата едноставност, неговата вера во луѓето.
Но, кога ќе ги чујам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:
‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’
И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.
Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.
За мене, тој не беше само ангелски глас.
Тој беше мој брат по душа.
И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“, напиша Цетински.
Забава
Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид.
Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената.
Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во современата регионална музика. Неговото творештво се темели на стабилен авторски израз, прецизна вокална интерпретација и репертоар која успеа да ја задржи својата релевантност низ времето.
Токму таа доследност го позиционираше како уметник со публика што не е врзана за момент, туку за вредност.
Концертот во Охрид ќе биде обликуван како целосно музичко доживување, со вниматело одбран репертоар кој ги опфаќа најзначајните композиции од неговиот богат опус.
Античкиот театар, како сцена со исклучителна културно-историска тежина и природна акустика, нуди редок амбиент каде музиката може да се доживее во својата најчиста форма. Токму во таков простор, ваков тип на концерт добива дополнителна длабочина и значење, оставајќи простор за емотивна поврзаност.
Се чини сосема доволно, за предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза. Затоа не чекајте и веднаш обезбедете ги вашите билети.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5731

