Забава
Следната серија „Војна на ѕвездите“ пристига во мај на „Дизни плус“

Следната серија „Војна на вездите“, анимиран серијал за елитна група клонови, The Bad Batch, ќе дебитира на стриминг-платформата „Дизни плус“на 4 мај, соопшти компанијата во средата.
Акционата серија на студиото Марвел, „Локи“, за негативецот кој го игра Том Хидлстон, ќе има премиера на 11 јуни, се вели во изјавата на „Дизни“ пред презентацијата на претстојните програми пред Здружението на телевизиски критичари.
The Bad Batch ќе ги следи експерименталните клонови во галаксијата што брзо се менува по завршувањето на војната на клоновите.
Датумот на премиерата се совпаѓа со неофицијалниот празник меѓу фановите на „Војна на ѕвездите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Има 51 година и извајано тело: поранешната членка на „Спајс Грлс“ изгледа брутално во бикини

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.
Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.
Mel C, 51, flaunts her sizzling six-pack as she packs on the PDA with her boyfriend Chris Dingwall during a romantic stroll along Bondi Beach https://t.co/0dqgJNQvJw
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) April 14, 2025
Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.
Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.
Забава
Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксиданс е најдобар за вашата кожа

Се чини дека постојано се бара чудесни комбинации кои го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.
Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неспорни во светот на нега на кожата – витамин Ц и витамин Е.
И двете од овие состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува бројни придобивки.
Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа
Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа, витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксиданс познат по:
- Го изедначува тенот: Помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата, правејќи ја кожата посветла и посвежа.
- Го стимулира производството на колаген: Обезбедува цврстина и еластичност, намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки.
- Заштитува од фотостареење: Кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од UV оштетување и слободните радикали.
- Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се започне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата.
- Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА киселини за да избегнете потенцијална иритација.
Витамин Е: Хидратантен штит на кожата
Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксиданс познат по неговата способност да:
- Длабоко хидрира: Ја заклучува влагата во кожата, спречувајќи дехидрација.
- Ја зајакнува заштитната бариера: Создава заштитен слој на површината на кожата, спречувајќи губење на вода и пенетрација на надразнувачи.
- Го намалува воспалението: Го смирува црвенилото и иритацијата, идеално за сува и чувствителна кожа.
- Заштитува од оксидативен стрес: Ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ зрачењето и загадувањето.
- Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ја подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданси, особено кога се комбинираат со витамин Ц.
Дуо од соништата: Комбинација на витамини Ц и Е
За максимална заштита и сјајна кожа, експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамини.
Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц, овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.
Идеалната комбинација содржи 15% витамин Ц и 1% витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.
Кој витамин е најдобар за вас?
- Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник.
- Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор.
- Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамини заедно за максимален ефект.
Совети за правилна употреба:
- Започнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација.
- Нанесете наутро: Идеално време за витамин Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор.
- Секогаш користете крема за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор.
- Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и типот на кожа. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданси дава најдобри резултати – обезбедувајќи на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита.
- Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Забава
Диетата на кралицата Летиција ги полуде жените: едноставна и ефикасна, но не ја препорачуваат сите

Шпанската кралица Летиција привлече внимание уште првиот ден кога се појави како свршеница на тогашниот престолонаследник Филип. За нејзиниот физички изглед може да се пишува со денови, со оглед на тоа дека таа изгледа речиси исто веќе 20 години.
Не е невообичаено Летиција да не воодушеви со модно издание, понекогаш дури и се осмелува да облече нешто што не е баш типично за кралското семејство, но никогаш не наиде на критики.
Дури и во центарот на големите скандали, Летиција остана одмерена и воздржана, а нејзиниот изглед секогаш привлекува внимание.
Сепак, за нејзината совршена фигура е задолжен тренингот и исхраната. Познато е дека кралицата сака теретана, каде што редовно тренира, но и следи одредена диета. Се наведува дека Летиција е верна на диетата Периконе.
Што е диетата Периконе?
Оваа диета ја создал д-р Николас Периконе, а во неа се препорачува храна богата со антиоксиданси.
Самата диета трае 28 дена и е многу рестриктивна, па некои експерти не ја препорачуваат.
Треба да јадете храна богата со антиоксиданси, вклучувајќи зелен лиснат зеленчук, шарен зеленчук, маслиново масло, риба, јајца, јаткасти плодови, а има и листа на забранети намирници.
Што е забрането?
- леб
- тестенини
- ориз
- путер
- пченка
- алкохол
- маргарин
- компир
- шеќер
- кафе
- црвено месо
- банани
- тиква
- лубеница
- морков
Во секој случај, пред да започнете каква било диета, треба да се консултирате со лекар, бидејќи тоа не мора да значи дека нешто ќе биде ефективно за вас, особено ако се работи за една од овие ригорозни диети.