Забава
Совршени фризури за лето
Секоја должина и текстура на косата има своја летна варијанта, а некои од нив се познатиот „влажен изглед“ (wet look), комбинација на плетенки, тенки марами или ленти замотани во перчињата или едноставна и залижана.
Предноста на овие стилови е нивниот кежуал карактер, не мора да биде уредно, туку лежерно и спонтано.
Голема, лелеава плетенка од само половина од косата е идеална за ден, но и за ноќ.
Варијанта со повеќе плетенки исто така ќе изгледа одлично и не мора да ги расплетувате со денови.
Подигната коса на врвот на главата изгледа супер лежерно со мала шамија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Камала Харис пиеше пиво во ТВ емисија
Ако Камала Харис победи на изборите во САД, едно е сигурно: таа ќе биде првиот претседател на Белата куќа по осум години која ужива во пиво, како што покажа во вторникот вечерта во забавната емисија кога подели шише пиво со водителот Стивен Колберт.
За разлика од претходните двајца станари на Белата куќа, заколнатите антиалкохоличари Доналд Трамп и Џо Бајден, демократската кандидатка призна дека понекогаш сака пиво.
Харис откри дека последен пат пиела пиво со сопругот Даг Емхоф за време на бејзбол натпревар.
Забава
2 милиони лајкови: Ријана позираше во оскудно издание, воодушеви од промената на имиџот
Ријана објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во оскудно издание за најновата кампања на нејзиниот бренд Savage x Fenty и Diesel и ги воодушеви фановите со промена на имиџот.
36-годишната пејачка позираше во црвена долна облека, а комбинацијата ја комплетираше со црвено здолниште и сина бунда.
Вниманието на обожавателите го привлече нејзината црвена боја на коса, која ја имаше во 2010 година, кога го издаде својот петти студиски албум наречен Loud.
Нејзината објава собра повеќе од 2,1 милиони лајкови за само 24 часа.
„Сензационално! Изгледаш совршено во црвено“, „Совршенство“, „Таа се надмина себеси“, „Немаш конкуренција“, се дел од коментарите на фановите.
Забава
Прогласена е за една од најубавите жени на светот, ретко кој се сеќава како изгледаше пред операциите
Бела Хадид беше прогласена од научниците пред неколку години за жена со најубаво лице на светот. Тие се воделе од теоријата на златниот пресек и ги анализирале и најмалите детали на лицето, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, образите и вилицата. Со пресметка заклучиле дека има совршени пропорции.
Оваа година таа беше меѓу првите 10 најубави жени според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон.
Деновиве таа се врати на модната писта по двегодишна пауза. Таа носеше ревија за Сен Лоран на модната недела во Париз, каде што беше претставена женската колекција за пролет/лето 2025 година Нејзиното враќање беше дочекано со ентузијазам.
Сепак, малкумина се сеќаваат како изгледала на почетокот на кариерата, кога сè уште не беше подложена на бројни пластични операции.