Забава
Сочни, чоколадни, се топат во уста – рецепт за легендарните Нанаимо-коцки
Потеклото на овој кремаст, чоколаден колач е обвиено во тајност и повеќе народи тврдат дека е нивен. Но, сите кулинарски експерти знааат дека коцките Нанаимо потекнуваат од истоимениот град во канадската провинција Британска Колумбија.
Ако ве интересираат фактите и приказните за овој феноменален десерт, можете да ги прочитате сите нагаѓања на Википедија. Инаку, во 1986 година, градоначалникот на Нанаимо, Грејм Робертс, заедно со трговскиот центар „Харбор парк“, иницираа натпревар за пронаоѓање на конечниот рецепт за Нанаимо-коцките. Речиси 100 различни варијации на славниот десерт беа пријавени во текот на четиринеделниот натпревар.
Ова е класичен рецепт за Нанаимо-коцки кои се сметаат за традиционален канадски колач и како такви се познати низ целиот свет:
Долен слој
1/2 чаша несолен путер (125 мл), 1/4 чаша шеќер (60 мл), 5 лажици какао (75 мл), 1 јајце, 1 3/4 чаша бисквит трошки од интегрално брашно (415 мл), 1/2 чаша ситно сечкани бадеми (125 мл), 1 чаша кокос (250 мл).
Растопете ги првите три состојки во сад потопен во врела вода. Додадете го јајцето и промешајте да се свари и згусне. Тргнете ги од огнот. Измешајте ги бисквит-трошките, кокосот и бадемите. Цврсто притиснете го „бисквитот“ во незамастен калап со дијаметар од 20 х 20 цм.
Втор слој
1/2 чаша несолен путер (125 мл), 2 лажици и 2 лажички крем-павлака (40 мл), 2 лажици пудинг од ванила во прав (30 мл), 2 чаши шеќер во прав (500 мл).
Добро измешајте го путерот, кремот, пудингот во прав и шеќерот во прав. Добро изматете ја смесата, па размачкајте ја на долниот слој.
Трет слој
4 квадрати полуслатко чоколадо (по 30 гр), 2 лажици несолен путер (30 мл). Растопете ги чоколадото и путерот на тивок оган. Оставете да се излади. Кога е студено, но сепак течно, прелијте го вториот слој на коцките, и потоа ставете ги во фрижидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.