Забава
„Спотифај“ минатата година им платил по 5 милиони долари на 130 пејачи

„Спотифај“ откри дека минатата година платил 7 милијарди долари на носителите на права на музичката индустрија, што претставува речиси 25% од вкупните приходи на индустријата.
Веста се појави на веб-страницата Loud And Clear, која компанијата ја отвори минатата година со цел да ја зголеми транспарентноста околу своите плаќања.
Стриминг-гигантот тврди дека 52,600 уметници заработиле повеќе од 10,000 долари од „Спотифај“ во 2021 година.
Од нив, на 130 им биле исплатени над 5 милиони долари во последните 12 месеци.
„Спотифај“ не именува ниту еден од овие изведувачи, но познато е дека најстримувани минатата година беа Бед Бани, Тејлор Свифт, „БТС“, Дрејк и Џастин Бибер, додека најстримувана песна беше Drivers License на Оливија Родриго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Адриен Броди плукна гума за џвакање пред сите на Оскарите и ја фрли кон својата девојка

Адриен Броди го доби својот втор Оскар за најдобар актер благодарение на улогата во „Бруталист“ во режија на Брејди Корбет.
Кога Броди се качи на сцената во театарот Долби во Холивуд, тој направи нешто необично – плукна гума за џвакање и ја фрли кон својата девојка Џорџина Чепмен пред да го започне својот говор.
Овој потег предизвика големи критики, а клипот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците ја коментираа неговата грубост и необично однесување на Оскарите. „Можеше да ја стави во џеб, ова беше чудно“, „Непристојно, многу грубо“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
(Видео) Морган Фримен одржа трогателен говор на „Оскарите“ во чест на Џин Хекман

За време на доделувањето на Оскарите, Морган Фримен (87) му оддаде почит на Џин Хекман, кој пред неколку дена беше пронајден мртов со неговата сопруга Бетси Аракава во нивниот дом во Санта Фе.
„Оваа недела нашата заедница загуби голем човек, а јас изгубив драг пријател, Џин Хекман. Имав задоволство да работам со него на два филма – Unforgiven и Under Suspicion. Како и секој кој некогаш ја делел сцената со него, научив дека тој е дарежлив актер и човек чии таленти ја подигнаа работата на сите други”, рече Фримен.
Morgan Freeman pays tribute to Gene Hackman before the #Oscars In Memoriam segment pic.twitter.com/lcQVzfXvvo
— The Hollywood Reporter (@THR) March 3, 2025
„Џин секогаш велеше: Не размислувам за наследството. Само се надевам дека луѓето ќе ме паметат како некој што се обидел да заврши добра работа. Мислам дека зборувам за сите кога велам: Џин, ќе останеш запаметен по тоа, и многу повеќе. Почивај во мир пријателе“, додаде актерот на крајот.
Забава
(Видео) Хали Бери го бакна Адриен Броди пред сите и ѝ се извини на неговата девојка: „Чекав 21 година“

Актерката Хали Бери му пријде на актерот Адриен Броди на црвениот тепих на „Оскарите“ и страсно го бакна пред сите.
Додека актерот му даваше интервју на водителот Марио Лопез, Бери му пријде и првин ѝ се извини на неговата девојка Џорџина Чепмен. „Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, рече таа, а потоа го бакна актерот во уста.
Потоа и двајцата се насмеаја и продолжија е да се гушкаат, а актерката изјави дека чекала 21 година за да го фати на црвениот тепих и да го бакне.