Забава
(Видео) Србинка, која тврди дека е светска ѕвезда, стана вирална на „Тик-ток“ со танц
Српската пејачка Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, со години живее во Америка и тврди дека е светска ѕвезда.
Таа неодамна ја објави песната I Like It која сигурно сте ја слушнале на „Тик-ток“.
Песната стана вирална поради кореографијата, која Диди Џеј сама ја смислила.
@didijofficial " We are so the same but in a different things, you just want to fly but I have lost my wings, please don't hold me down I want to set you free, baby love is evil you will come back to me. Yeah I like it, like it, like it " 🖤
Дијана е родена во 1988 година во Белград. Во септември 2013 година се омажила за Даниел Роквиќ, 20 години постар од неа експерт по информатика, со кој има ќерка. Дипломирала на Универзитетот Мегатренд во Белград. Тврди дека зборува четири јазици: англиски, шпански, италијански и руски.
Дијана има објавено неколку песни на српски јазик, на кои, меѓу другите, соработувала и со Марина Туцаковиќ и Леонтина Вукомановиќ. Потоа почнала да снима песни на англиски јазик. Во јануари 2017 година, таа објави дует, Say No More, со раперот Шаги.
Во декември 2021 година, таа го издаде својот деби албум, Cover Girl.
Со над четири милиони следбеници на Инстаграм, Јанковиќ постојано беше обвинувана дека купува следбеници на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Крива Паланка осветлена со декорации: „Новогодишната бајка може да почне“
Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.
Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да почне посакувајќи празничното осветение да донесе радост, мир и надеж за сите жители.
Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.
Забава
Таа со години живее бесплатно на крузер : „Јадам и пијам што сакам, но под еден услов“
Кристин Кестелу и нејзиниот сопруг Питер живеат на крузер со години, а таа неодамна откри како изгледа тоа искуство.
Оваа 44-годишна жена, по потекло од Америка, решила да го напушти традиционалниот живот на копно. Се ослободила од грижата за кирија и кредити и наместо тоа, почнала да заработува пари пловејќи низ светот.
За време на едно од патувањата, таа го запознала и својот сопруг, кој ја дели нејзината страст за крузери, објавува „Дејли стар“.
View this post on Instagram
Иако повеќе не работи како директорка за крстарења (лицето одговорно за организирање забава и активности), Кристина сè уште останува на бродот како гостинка со својот сопруг – најмалку шест месеци во годината.
Денес, таа создава содржина за социјалните медиуми документирајќи го животот на отворено море. Повеќе од милион луѓе ги следат нејзините дневни рутини на „Тик-ток“, каде што таа одговара на прашања од љубопитни гледачи за овој неконвенционален начин на живеење
„Животот и работата на крузер е посебен свет што многу луѓе не го разбираат“, објаснува Кристина.
Како сопруга на член на екипажот (Питер е главен инженер на бродот), Кристина има пристап до просторот за персонал и патници, со услов да мора да носи значка за идентификација. Таа може да ужива во луксузните погодности на бродот – базени и спа-центри, ресторани и сите погодности.
И покрај предрасудите дека крузерите не се најбезбедна средина, таа тврди поинаку.
„Над 260 крузери што им припаѓаат на повеќе од 60 компании пловат секој ден. Инцидентите се навистина ретки, иако стотици илјади луѓе пловат секој ден“, вели таа.
Таа додава дека често се вели дека крузерите се проблематични, но според искуството на нејзиниот сопруг, тоа не е вистина.
View this post on Instagram
„Питер е на море 34 години и бил болен само еднаш. Тоа се илјадници и илјадници дена. На крајот, сè се сведува на миење раце“, нагласува Кристина.
Сепак, постои едно правило што мора строго да го почитува – не ѝ е дозволено да се коцка во казиното на бродот.
Исто така, како креатор на содржини за мрежите Кристина се придржува до строги правила за приватност – таа не ги снима патниците или членовите на екипажот, без нивна изречна дозвола.
Со повеќе од една деценија на море,се чини дека таа целосно ужива во својот неконвенционален, луксузен живот – и без никакви трошоци за домување.
Забава
„Нема, нема“ – нова песна на Бојана Скендеровски, воедно и емотивна најава за големиот саботен концерт
Одбројувањето до првиот солистички концерт со наслов „Бесмртна“ влегува во својата највозбудлива фаза, а Бојана Скендеровски ја изненадува публиката со сосема нова песна – „Нема, нема“, која уште со првото слушање внесува свежина и современ дух во нејзиниот репертоар.
Последниве недели Бојана живее во ритамот на подготовките за големата вечер – сала, студио, проби, последни финеси – секој ден носи нов предизвик и нова емоција. Во таа креативна возбуда се роди и новата нумера, модерна, поинакваи искрено наративна, создадена како музички подарок за публиката токму пред концертот.
„Сакав на публиката да ѝ понудам нешто ново, едно мало освежување пред мојот концерт и во празничниот период што следува“, вели Бојана. „Нема, нема“ го носи токму тој момент – топла, модерна емоција и почеток на едно ново поглавје во нејзиниот уметнички развој.
Композицијата е со музика и аранжман на Никола Мицевски и текст на Борче Нечовски, а снимена и миксана во студиото „XL Момироски“ и претставува природен, храбар чекор напред во зрелоста на Бојана. Со современ звук, нежна, но со силна емоционалност и со препознатлив вокален печат, песната го отвора патот кон нов возбудлив правец во нејзината музика.
А токму еден таков голем исчекор е и концертот „Бесмртна“, закажан на 13 декември, со почеток во 20 часот, вечер што веќе се најавува како длабоко емотивно патување низ песни што оставаат трага, чувства што се паметат и моменти што се доживуваат со цело срце.

