Забава
Сталоне објави романтична фотографија со сопругата, актерот нема да се разведува

Глумецот Силвестер Сталоне објави романтична фотографија со сопругата Џенифер Флавин во време кога се зборува дека ќе се разведуваат.
„Прекрасно“, напиша глумецот на фотографијата, а потоа објави уште една со ќерките.
„’Повторно сте заедно? Се надевам да. Па тоа е прекрасно. Убаво е да ве видиме заедно. Прекрасно семејство. Се надевам дека ќе ја промени одлуката за развод. Не можам да разберам сега, се разведувате или не. Прекрасен пар сте’“, му напишаа во коментарите.
Сталоне првин ги негира шпекулациите што се ширеа во јавноста дека се разведуваат поради нивното куче, но потоа призна дека имале несогласувања за тоа кој да го чува.
За потсетување, Џенифер на 19 август ги поднесе документите за развод, а бракот го опиша како неповратно скршен. Го обвини Сталоне за намерно расфрлање и трошење на брачниот имот. Извор за „Пејџ сикс“ рече дека подоцна тоа е лага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Деми Мур ја избриша шминката и се почести со помфрит по Оскарите

Актерката Деми Мур, ѕвезда на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но наградата сепак и избега. Златната статуетка ја доби 25-годишната Мајки Медисон за улогата во филмот „Анора“.
По гламурозната вечер, Мур ја избриша шминката, се облече во бањарка и опуштено уживаше во голема порција помфрит.
Моментот го снимила нејзината ќерка Талула Вилис, која на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка во лежерна облека. „Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
Ким Кардашијан пристигна на забавата на Vanity Fair во венчаница

Ким Кардашијан ги заврте главите на после-забавата на Vanity Fair за Оскарите во 2025 година.
44-годишната реалити ѕвезда пристигна на забавата во фустан кој наликуваше на венчаница од брендот Баленсијага.
Таа, исто така, комбинираше минималистичка шминка, вклучувајќи нуд кармин и лесна шминка за очи, а косата ја врза во пунџа.
Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа за модниот изглед на Ким Кардашијан на забавата на Vanity Fair. Некои велат дека фустанот е во ред, додека други напишале дека изгледа како „тоалетна хартија“, „збрчкан чаршаф“ и „искористена салфетка“.
Забава
Оливија Вајлд прошета во проѕирен фустан на забавата по Оскарите

Оливија Вајлд (40) го привлече вниманието со изборот на фустан за афтер-журката која се одржа по Оскарите.
Таа се појави во бел проѕирен фустан под кој и се гледаше долната облека.
Изгледот го комплетираше со златна чанта, едноставен накит и неутрална шминка.
Реакциите на социјалните мрежи се главно позитивни. „Жената изгледа божествено“, „Иако откри малку премногу тело, не изгледа евтино. Секоја чест“, „Изгледа како самовила“, беа коментарите. Имаше и такви кои сметаа дека нејзината облека „не е соодветна“ за ваков настан. „Изгледа сега ќе се напие топло млеко и ќе спие“, се пошегувал некој.