Забава
Супермоделот Жизел Бундхен не била задоволна во бракот сè до едно писмо
Жизел Бундхен не била задоволна во бракот со Том Брејди, ѕвездата на Националната фудбалка лига (НФЛ), пред тој да почне да ја игра неговата улога за семејството.
Американскиот фудбалер откри дека пред неколку години поминал низ тежок период на караници со сопругата Жизел, кога изразила желба тој да направи повеќе за нивното семејство – за синот Бенџамин (10) и ќерката Вивијан (7) – додека не е ангажиран со својата кариера.

„Пред неколку години, таа не чувствуваше како да сум дел од семејството, сметаше дека не придонесувам доволно. Таа имаше впечаток дека јас сакам да играм фудбал цела сезона без пауза и дека сакам таа да се грижи за куќата. И кога ќе завршеше сезоната, јас бев зафатен со други деловни активности, и потоа повторно со мојот фудбалски тренинг. Жизел тогаш ме прашуваше кога мислам да направам нешто за нашиот дом, за семејството. Кога ќе ги однесам децата на училиште и слично“, изјави суперѕвездата на НФЛ.
„Тоа беше голем дел од нашиот брак и јас морав да се преиспитам себеси бидејќи таа велеше ‘и јас имам цели и соништа’.“
39-годишната Жизел, една од најубавите жени во светот, на својот сопруг, со кого се омажи во 2009 година, му напишала искрено писмо за да објасни како се чувствува. И потоа тие почнале да посетуваат брачен советник со цел да ја обноват романсата.
Том признава дека не му се допаѓале коментарите на Жизел, но потоа сфатил дека и двајцата се смениле и еволуирале со текот на времето.
„Бидејќи ситуацијата со моето семејство не беше добра и Жизел не беше задоволна од нашиот брак, јас требаше да направам промена. Таа ми напиша искрено и добро обмислено писмо, сè уште го чувам во фиока и го читам. Тоа ми е добар потсетник дека со тек на време работите се менуваат и еволуираат.“
„Тоа што се случувало и било добро за нас пред 10 години нема да остане така засекогаш затоа што растеме на различни начини“, вели Том.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

