Забава
Сeверна Македонија најмногу пребарува на „Гугл“ за „Оскарите“
Северна Македонија е на прво место во светот по пребарувања на „Гугл“ за теми поврзани со доделувањето на „Оскарите“, што ќе се одржи в недела, 9 февруари, во Лос Анџелес.

„Гугл трендс“ на „Твитер“ објави дека Северна Македонија, татковината на „Медена земја“, кој е номиниран за „Оскар“, е прво место во светот од каде што најмногу се пребарува на „Гугл“ за „Оскарите.
North Macedonia, home to #Oscars nominated movie #Honeyland, is the top place on earth searching for the awards right now.
Get more data here: https://t.co/AhkVG7YqNf pic.twitter.com/pl4XhVpGZ0
— GoogleTrends (@GoogleTrends) February 6, 2020
Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Ова е првпат во историјата македонски филм да биде номиниран во две категории за „Оскар“.
Што се однесува до другите најпребарувани зборови и категории за „Оскарите“, состојбата е следна – од номинираните филмови за главната награда најпребаруван е јужнокорејскиот „Паразит“. Од номинираните во категориите најдобар актер и актерка најпребарувани се Скарлет Јохансон и Леонардо ди Каприо.
Најпребарувано прашање поврзано со „Оскарите“ е: „Кога се ‘Оскарите’?“, а второ: „За што Коби Брајант има добиено ‘Оскар’?“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

