Забава
„Таксират“ изгласан меѓу 10 најдобри фестивали во Европа
„Таксират“ е избран во најдобрите 10 фестивали во Европа како финалист во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“ (Best Indoor festival) на најценетото признание во светот на музичките фестивали, Европските фестивалски награди.
Отвореното гласање за 12-тото издание на ЕФА (European Festival Awards) заврши со извонредна поддршка од светската публика, на кое со повеќе од 40.000 гласа од јавноста и гласот на стручното жири од музички експерти избрани се финалистите во главните категории, меѓу кои е и македонскиот „Таксират фестивал“, и тоа во најдобрите десет во конкуренција од 350 фестивали од 35 земји во Европа.
Победниците од секоја категорија ќе бидат прогласени в година на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди на 18 јануари во Гронинген, Холандија, а финалистите во сите категории се објавени на овој линк.
Годинешното издание на „Таксират“ заврши со главната вечер на 7 декември. Имено, годинава повеќе од 27.000 посетители беа дел од програмата со повеќе од 50 концерти, меѓу кои „Дед кен Денс“, Ману Чао, Андре Риу, Бен Клок, „Ај-Ем-ДиДи-Би“, „Хладно пиво“, „Буч Кесиди“, „Содом“, „Ла Пегатина“ и многу други во рамките на главната вечер, ПИН и „Лузер фест“ на ТАКСИРАТ 2022.
Европските фестивалски награди, од своето формирање во 2009 година, се посветени на својата цел да ги препознаат и прослават колективните успеси на фестивалските организации во музичката индустрија на Стариот континент. Во 16 категории наградите го доделуваат најзначајното меѓународно признание за музичките фестивали и нивните истакнати индивидуи како за квалитетот така и за поместување на границите во поглед на професионалноста и посветеноста кон безбедност, општествена свесност, еколошка одржливост и иновативност при организирање музички фестивали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Поранешната детска ѕвезда се пофали дека е 13 килограми полесна: „Сè уште не сум слаба“
Поранешната детска ѕвезда, актерката Аманда Бајнс, чиј физички изглед долго време привлекуваше внимание поради големата промена на нејзиното тело поради употребата на лекови за слабеење, објави нови фотографии на кои изгледа уште послаба.
Самата актерка призна дека ги користи лековите за слабеење, а сега се пофали со својот нов резултат и откри колку килограми ослабела.
Таа ослабела речиси 13 килограми откако го користи Оземпик, а коментираше и на својата папарацо фотографија.
„Нормално не ми се допаѓаат папарацо фотографиите, бидејќи тогаш имав околу 82 килограми, но сега со Оземпик ослабев речиси 13 килограми. Сега имам 69 килограми. Знам дека сè уште не сум слаба, но оваа фотографија е вистинска инспирација за мене“, рече Аманда Бајнс.
Таа ја покажа промената во видео на Инстаграм во кое позира во краток топ и бели шорцеви со чизми до колена. Сакаше да го истакне и покаже својот рамен стомак, а доби поддршка да продолжи да ослабува преку коментари кои вклучуваа многу комплименти, што ѝ даде дополнителна мотивација.
Забава
(Видео) Пороците ја „уништуваат“, но таа е сè уште толку секси и моќна во црно
Познатата манекенка Кејт Мос (52) веќе долго време не е присутна на модните писти низ светот и се чини дека со нејзините постапки го привлекува вниманието кон себе, но на погрешен начин. Сепак таа е главна тема кога се појавува на моден настан.
Неделата на модата во Париз не може да помине без неа, и тоа во прв ред кога ја гледа ревијата на Сен Лоран, па да заборавиме за момент на сите скандали од нејзиниот приватен живот со кои повторно се обиде да фрли сенка врз својот успех.
Таа уште еднаш покажа дека никој не е подобар во ова од неа. Кејт Мос се појави во Париз во кожно здолниште до колена, но со смел шлиц во средината, додека носеше едноставна свилена маица украсена со чипка одозгора.
Бидејќи крзнените палта, особено оние од вештачко крзно, ги преплавија улиците оваа сезона, Кејт ја комплетираше и својата комбинација со едно такво парче и црни чевли. А потоа е време да се „разбие“ монотонијата…
Нема ништо подобро од додавање бордо чанта на целосно црна облека и самоуверено позирање за фотографите. Иако долго време се зборуваше дека Кејт Мос се вратила на пороците, поточно на алкохолот, за оваа пригода таа покажа друга страна од својата личност.
Забава
(Фото) Топлесот„ги помрси конците“: Бруклин Бекам објави интимни фотографии од сопругата
Сопругата на Бруклин Бекам, 31-годишната Никола Пелц, заедно со другите членови на семејството Бекам, деновиве е во центарот на вниманието, особено поради објавата на социјалните мрежи што дојде само неколку часа откако познатите Бекамови се појавија без неа и нејзиниот сопруг во Париз.
Откако Никола се огласи објавувајќи романтични моменти со сопругот, истото го направи и Бруклин. Меѓу фотографиите што ги објави беше и онаа на која Никола е гола во кревет, што, како што се очекуваше, предизвика најмногу реакции, а сето ова доаѓа во средината на кавгата на Бруклин со неговото семејство.
На „контроверзната“ фотографија, Никола лежи во кревет покриена само со бело ќебе и го гушка нивното куче, додека други слики ги прикажуваат нивните романтични моменти и најдобрите моменти од нивниот одмор.
Објавата предизвика бројни коментари, а реакциите од корисниците на социјалните мрежи беа поделени.
„Значи, тоа е твојата дефиниција за приватност, Бруклин? Интересно…“, „Само ме интересира дали живееш од свои пари сега кога си ги блокирал родителите“, „Семејството не е сè. Тоа е лекција што ја учам и самиот. Држи се до твојата сопруга, таа е твое семејство“, се само дел од коментарите.
Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, јавно ги прекина сите врски со своето семејство на почетокот на месецот и нагласи дека не сака да се смири со нив, тврдејќи дека се обидуваат да му го уништат бракот.
Тој и Никола Пелц се венчаа во април 2022 година на раскошна церемонија во Флорида.

