Забава
Таткото на Меган Маркл: На нејзината прва свадба се делеше марихуана
Таткото на Меган Маркл одлучи да реагира на написите во медиумите дека тој не бил на нејзината прва свадба. Томас Маркл не дојде во Лондон за да ја предаде ќерка си на принцот Хари, а војвотката, поради неговите чести испади во медиумите, ја прекина комуникацијата со него.
Томас повторно ја поткопа репутацијата на Меган во кралското семејство со нова изјава за деталите за нејзината свадба со Тревор Енгелсон во 2011 година.
„Бев на свадбата на мојата ќерка, но на фотографиите кои се објавени во медиумите ме нема, имаше многу млади луѓе и не сакав да се сликам премногу“, рекол Томас.

Меган Маркл со првиот сопруг
Новинарите го прашале дали на свадбата се конзумирала марихуана и тој одговорил дека на сите гости им биле дадени кесички со марихуана, бидејќи на Јамајка не само што е легална, туку е и дел од обичајот.
„Не пушев марихуана, мислам дека и мојата ќерка не го прави тоа, му ја дадов мојата кесика на еден од гостите“, рече Томас.
Тој и понатаму продолжува да се обидува да контактира со неговата ќерка која го избриша од нејзиниот живот. Постојано ѝ праќа писма и се обидува да ѝ се јави, но таа не одговара. Тој потврдил дека се обидел да дојде до Меган и преку неговата поранешна сопруга Дори, но и тоа не му успеало.
„Не знам што направив за ќерка ми да ме избрише од нејзиниот живот. Ниту сум се сликал гол во Лас Вегас ниту сум носел нацистичка униформа“, вели Томас алудирајќи на принцот Хари кој ги има направено и двете работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

