Забава
Тајните на Том Хенкс за среќен брак: Љубов, поддршка и не пред 30 години
Американскиот ектер Том Хенкс, кој е во среќен брак со глумицата Рита Вилсон веќе 31 година, одлучи да открие шест работи кои се предуслов за среќен брак. Том и Рита се запознале во 1985 година за време на снимањето на филмот „Волонтеризам“ во кој глумеа вљубен пар. Том тогаш беше во брак и имаше две деца, а Рита беше верена.
Но тие се вљубиле на прв поглед, три години тајно се гледале, а потоа Хенкс се развел и ја побарал Рита за жена. Актерот рекол дека во првиот брак влегол импулсивно, дека бил млад и дека не размислувал. Нагласува дека мора добро да се размисли и свесно да се одлучи дали се сака и дали е некој подготвен за брачна заедница. Тој советува да не се влегува во брак пред 30 години.
Вториот негов совет е да му се помогне на партнерот, дури и во најкритична ситуација. Хенк е католик, а Рита е припадничка на грчката православна црква. Со оглед на тоа дека знаел колку на Рита ѝ е важна религијата, одлучил да ја промени неговата вероисповед.
„Се жртвував поради својата сопруга. Рита има грчки корени и е припадничка на православната вероисповед, додека јас бев католик. Го почитувам нејзиното семејство, па одлучив да преминам во православието“, објаснил глумецот.
Еден од клучните услови за среќен брак, според Том, е поддршката. За време на годините поминати заедно, тие проживеале многу работи, но секогаш се поддржувале еден со друг.
Рита во 2015 година открила дека има рак на дојката. Иако стравувала како тоа ќе се одрази на нивниот брак, Хенкс се потрудил да ѝ пружи уште повеќе љубов и поддршка.
„Сè што можам да направам е длабоко да се поколнам на својата сопруга поради нејзината огромна храброст“, рекол тогаш Том, а Рита, за среќа, успешно се справила со опаката болест.
Том советува и на својот партнер да му се прават мали и убави работи.
„Мојата сопруга е моја љубовница, врзани сме на начин кој го надминува зборот жена, девојка или мајка. Не можам да го замислам животот без неа. Често ѝ оставам пораки на телефонот или во книга, куцам пораки на машина за пишување кои ги собирам со години, ѝ посакувам убав ден и слично. Освен тоа, фотографирам сè околу себе кога таа не е покрај мене и ѝ испраќам фотографии. Мислам дека тоа ѝ се допаѓа“, раскажува Том.
Вели дека многу е важно да се негуваат заедничките навики и да се сака партнерот без оглед на сè.
„Оваа жена ме сака кога сум дебел и кога сум слаб. Ме сака кога сум ќелав и ме сака кога имам коса. Оваа жена ме сака, тоа го знам. Поради тоа сум среќен човек“, додава Том.
Сепак, славниот актер смета дека најважната работа е да се пронајде вистинската личност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

