Забава
„Твитер“ ја спушти рампата за Илон Маск
„Твитер инк.“ усвои мерка што ќе го заштити од непосакувано преземање, објавија светските шоу-биз медиуми, додавајќи дека ваквиот потег е обид да го спречи милијардерот Илон Маск да ја купи компанијата и да ја направи бастион на слободата на говорот.
Управниот одбор усвои план за правата на акционерите, кој ќе стапи на сила доколку некоја страна или поединец стекне 15% од акциите без претходно одобрение, а ќе важи само една година. Планот се стреми да осигура дека секој што ќе ја преземе контролата врз „Твитер“ преку акумулација на отворен пазар, на сите акционери ќе им плаќа соодветна контролна премија, се вели во соопштението од петокот.
Главниот извршен директор на „Тесла инк.“ во четвртокот понуди 54.20 долари по акција, проценувајќи ја компанијата за социјални мрежи на 43 милијарди долари. Маск, кој рече дека тоа е неговата „најдобра и последна“ понуда, веќе има удел од повеќе од 9% во „Твитер“ и е најголем акционер.

Медиумите пренесоа дека корпоративниот мавевар ‘отровна пилула’ е осмислен да го блокира обидот за преземање на платформата од страна на титанот на „Тесла“, Илон Маск, откако тој достави понуда ден претходно.
Оваа стратегија им овозможува на постојните акционери да купат дополнителни акции со попуст, и останува на сила една година, односно до 14 април идната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Метју Меконахи откри што најмногу ги уништува врските
Холивудскиот актер Метју Меконахи откри што, според него, е една од најголемите грешки во љубовните врски. Во гостување во подкастот на Џеј Шети, тој истакна дека најопасно е партнерите да почнат да се земаат „здраво за готово“.
„Проблемот настанува кога ќе престанете да вложувате труд и ќе мислите дека љубовта се одвива сама од себе“, рече актерот, додавајќи дека и бракот бара свесна одлука, внимание и мали секојдневни гестови – како подготвување кафе за партнерот.
Меконахи предупреди и на нереалните романтични очекувања, велејќи дека партнерите не треба да се ставаат на пиедестал. „Никој не може постојано да биде совршен. Тоа е нефер и неодржливо“, истакна тој.
Според него, љубовта не треба да биде „сијалица од 100 вати“, туку „од 30 вати“ – помалку блескава, но подолготрајна, постабилна и пореална.
Меконахи е во брак со Камила Алвес од 2012 година, а често нагласува дека почитта, комуникацијата и малите секојдневни гестови се клучот за нивната долготрајна врска.
Фото: depositphotos
Забава
Уапсена риалити-ѕвездата која тврдеше дека му била љубовница на принцот Хари
Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг.
Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 јануари. Таа била уапсена и истиот ден изведена пред судија во Палма, по што била пуштена да се брани од слобода, пишува Мирор.
View this post on Instagram
Портпарол на Цивилната гарда го потврдил апсењето, наведувајќи дека станува збор за 53-годишна Британка осомничена дека го напуштила објектот без плаќање. Локалните медиуми објавија дека резервацијата наводно била направена со картичка без средства.
Омани, дизајнерка на ентериер и поранешна учесничка во ријалити-програмата „Вистинските домаќинки од Лос Анџелес“, ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека сметката е целосно платена и дека станува збор за техничка грешка на хотелот.
Таа во ноември 2022 година изјави дека имала двомесечна афера со принцот Хари во 2006 година, откако се запознале во бар.
Фото насловна: Depositphotos
Забава
Илон Маск ќе бара старателство над своето 13-то дете: „Мајката сака да го промени полот на нашето бебе“
Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови.
Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег.
Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, лабораторискиот наод на Лабкорп покажал дека Илон Маск е татко на детето со веројатност од 99,9999 отсто.
Подоцна, Сент Клер побарала самостојно старателство, наведувајќи во судски поднесок дека Маск го видел синот само трипати и дека не учествувал во неговата грижа и воспитување. Таа тврдела и дека Маск не ѝ обезбедувал финансиска поддршка ниту неа, ниту детето.
Ситуацијата се променила откако Сент Клер на Икс ги критикувала некои од своите поранешни ставови. Во неодамнешна објава напишала дека чувствува „огромна вина“ поради својата улога во промовирање на десничарски, вклучително и трансфобни ставови.
„За ова не зборував многу бидејќи се прашував дали мојот глас воопшто ќе биде корисен, со оглед на тоа што многумина ќе го протолкуваат како неискрен или како свртување затоа што сум ‘омразена’“, напишала таа.
„И овој одговор ќе предизвика десничарска хистерија, но да – жал ми е.“
Нејзините изјави брзо стигнале до Маск, откако еден корисник ги споделил и ја обвинил дека синот го изложува на „трансродно заведување“.
Маск реагирал со објава:
„Денес ќе поднесам барање за самостојно старателство, со оглед на нејзините изјави кои сугерираат дека би можела да покрене промена на полот кај едногодишно момче.“
Во објавите на Ешли Сент Клер не се спомнува намера нејзиниот син Ромулус да го промени полот. Таа и понатаму е активна на Икс, каде продолжува да го критикува Маск и тврди дека ѝ е оневозможен пристап до претплатата X Premium. Маск по оваа објава не се огласил дополнително.
Фото: Depositphotos

