Забава
Телохранителот на Тејлор Свифт се врати во Израел да се бори против Хамас
Личниот телохранител на поп-ѕвездата Тејлор Свифт се врати дома во Израел за да се бори против Хамас, јавуваат странските медиуми.
„Вараети“ потврди дека телохранителот, кој сака да го задржи своето име анонимно, одлучил да ја напушти Америка за да им се придружи на резервистите на ИДФ бидејќи ги видел нападите на Хамас врз израелските граѓани.
Новинарот Еран Свиса од израелската новинска страница „Израел хејом“ (Israel Today) ја сподели веста на „Тик-ток“, каде што напиша дека неименуваниот телохранител, кој наводно бил член на израелските одбранбени сили (ИДФ) пред да дојде во САД, се вратил во својата татковина бидејќи не можел да стои настрана додека семејствата ги убиваат во нивните домови.
Преку социјалните мрежи телохранителот ги повика другите да не стојат на страна не правејќи ништо. „Немојте да бидете на погрешната страна на историјата“, порачува младиот човек.
Тој дури и сподели фотографија во униформа на својот „Фејсбук“ во неделата.
Инаку, станува збор за телохранителот што стана вирален хит пред неколку месеци кога се појави видео на кое се гледа како детаљно ја проверува публиката на концертот на Тејлор Свифт за да ја заштити пејачката.
Свифт досега јавно не кажа ништо за војната меѓу Израел и Хамас. Поп-ѕвездата моментно го промовира излегувањето на концертниот филм Eras Tour, кој викендов се најде на врвот на киноблагајните во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Портпаролот на кралицата Елизабета: Да беше жива Дијана, се сомневам дека Хари би се оженил со Меган
Војводата и војвотката од Сасекс се венчаа на раскошна кралска венчавка одржана во Св. Џорџ во замокот Виндзор пред шест години, а денес уживаат во хармоничен брак во кој имаат две деца – синот Арчи и ќерката Лилибет.
Но, портпаролот на кралицата Елизабета Втора, од 1988 до 2000 година, Дики Арбитер изјави за радиото Тајмс дека верува дека парот немаше да се венча доколку принцезата Дијана беше жива, пренесува „The Mirror“.
„Да беше жива Дијана, можеби ќе бидам критикуван за ова, се сомневам дека Хари би се оженил со Меган“, рече Дики.
Тој додаде дека верува оти Хари би следел поинаков пат во животот доколку неговата мајка беше жива сега.
„Дијана беше многу внимателна со своите момчиња, тие беа нејзини дечковци. Таа ги штитеше и ќе ги заштити од секој што мисли дека не е вистинската личност”, заклучува тој.
Забава
Сè сфаќаат лично: кои се најчувствителните хороскопски знаци
Има и такви кои на критиките реагираат со мрчење или плач. Некои хороскопски знаци се почувствителни од другите. А кои се најчувствителните хороскопски знаци?
Сите хороскопски знаци имаат уникатни карактеристики и споделуваат особини со мала група други знаци. Треба внимателно да се шегувате во нивно присуство, бидејќи тие можат сè да сфатат лично и никогаш повеќе нема да разговараат со вас.
Луѓето родени под овие знаци знаат да бидат многу лути и мрзливи. Дури и ненамерните критики, забелешки или набљудувања во погрешно време можат да ги повредат нивните чувства. Сите нивни поплаки се засноваат на суптилна чувствителност.
Ова се најчувствителните знаци на зодијакот
Рак
Најчувствителен знак. Родените под соѕвездието Рак се раздразливи и чувствителни. Ова ги води до големи страдања поради секој неразбран збор. Ракот не пропушта ништо, а ако е навреден, почнува да се лути и не зборува додека не дојде извинување. Тој ќе биде навреден, дури и ако не сте имале намера да го омаловажувате. Обично Ракот страда во тишина и станува очаен, но понекогаш знаат да возвратат.
Риби
На второ место се Рибите кои се особено чувствителни на критики и многу страдаат поради тоа. Со Рибите мора да бидете внимателни и да го измерите секој збор. Нивната огорченост се изразува во солзи: колку повеќе се навредени, толку повеќе солзи. Сепак, Рибите брзо му простуваат на насилникот, главната работа е тој да изразува жалење. Луѓето од овој хороскопски знак ретко тргнуваат во директна офанзива, но немојте да се изненадите ако наеднаш исчезнат од вашиот живот. Ако ова се случи, има причина, сетете се на вашата последна критика кон нив.
Шкорпија
Шкорпијата обично реагира на критиките со напад. За разлика од другите, почувствителни знаци на Зодијакот, Шкорпијата не се повлекува во себе и не лее солзи залудно. Шкорпијата напаѓа контра – навредува и критикува многу остро, дури и непотребно претерано.
Всушност, Шкорпијата прво издржува, па експлодира и може да ве шокира со својата неочекувана реакција. Ако се најдете во расправија со Шкорпија, треба да знаете дека таа се чувствувала навредена вчера или завчера, па дури можеби и минатата недела, но дури сега зборува за тоа. Затоа, побарајте ја причината, за нивното однесување, во минатото.
Лав
Лавот е чувствителен знак, но напорно се труди да ги прифати критиките и дури е горд што се труди. Но, на крајот реагира со напад. Во кавгите Лавот секогаш го има последниот збор. Што треба да направите? Никогаш не се расправајте со Лавот, особено ако го сакате.
Можна е конструктивна критика, но внимавајте на начините: немојте да го натерате да се чувствува нападнат или да му ја повредите гордоста. Во спротивно, тој ќе стане мрзлив и раздразлив и ќе почне да бара признание на друго место.
Овен
Реакцијата на Овен на навреда обично е импулсивна. Ако биде нападнат, нема да си ги лиже раните, туку ќе одговори многу остро, за што ќе зажали во иднина. Ако сте Овен, мој совет е добро да размислите и да изброите до десет пред да кажете било што (дури и ако сте многу лути и разочарани).
Забава
Ѕвездата на Сексот и градот: Од почетокот на шоуто не мразат затоа што ги поместуваме границите
Ѕвездата на култната серија Сексот и градот и нејзиниот спин-оф And Just Like That, на актерката Синтија Никсон не и пречат негативните коментари што гледачите ги даваат за спин-офот на социјалните мрежи.
„Луѓето отсекогаш биле страстни за Сексот и градот, а сега и за And Just Like That“, изјави таа за Page Six на доделувањето на 90th Annual Drama League Awards во петокот.
Таа додаде дека серијата била многу критикувана кога за прв пат била емитувана во 1998 година.
„Се чувствувам дека „Сексот и градот“ се толку вкоренети во меморијата и сентименталноста сега, но луѓето на почетокот не мразеа. Тие велеа: Ова не се вистински жени, овие геј мажи се преправаат. Жените не зборуваат вака. Жените не зборуваат за секс вака. Мислам дека тоа е нешто добро и за And Just Like That. Фактот дека ги поместуваме границите. Нема да ги правиме старите работи кои некогаш беа шокантни, а сега сте навикнати на нив“, рече таа.