Контакт

Забава

„Тенет“ на Кристофер Нолан одложен на неодредено време

Објавено пред

„Ворнер Брос“ во понеделникот соопшти дека ја одложува премиерата на долгоочекуваниот филм „Тенет“ на Кристофер Нолан на неодредено време. Ваквата одлука е нов удар врз синџирите на киносали кои се надеваат дека ќе се вратат во бизнис и покрај пандемијата на коронавирус.

dobivaj vesti na viber

„Тенет“, чија премиера беше закажана за 12 август, требаше да биде прв голем холивудски филм во киносалите во САД по нивното затворање во средината на март.

„За жал, пандемијата продолжува да се шири, поради што мораме да ги преиспитаме датумите за прикажување“, вели претседателот на „Ворнер Брос пикчрс груп“, Тоби Емерих, во соопштението.

Ова е трето одлагање на премиерата на високобуџетниот филм поради светската здравствена криза. Првично требаше да почне да се прикажува на 17 јули, па се одложи за 31 јули и третпат за 12 август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Без ботокс: 5 начини за намалување на „пушачките“ брчки

Објавено пред

Од

Малите, вертикални линии околу усните, познати и како пушачки линии, можат да бидат тврдоглави и да му дадат на лицето уморен изглед дури и кога се чувствувате свежо.

dobivaj vesti na viber

Тие се предизвикани од години на смалување на усните, губење на колаген и еластин, но и од ефектите на тутунот врз кожата. Но – добрата вест – тие не се неизбежни. Со малку дисциплина, вистински производи и паметни навики, тие можат значително да омекнат и да им дадат на вашите усни помлад, помазен изглед.

Овие брчки не исчезнуваат преку ноќ со магичен серум. Тоа е мала ритуална нега која вклучува: доследна дневна рутина, внимателен избор на активни состојки и избегнување навики што ја оптоваруваат кожата.

Еве ги 5-те најефикасни трикови за намалување на „пушачките“ брчки:

1. Хидратација со цел
Кожата околу усните е една од првите што ја губи влагата, па линиите веднаш стануваат повидливи. Изберете серуми и креми богати со:

Хијалуронска киселина (за влажност и волумен)
Пептиди (за еластичност и цврстина)
Нијацинамид (за мазна и сјајна кожа)

2. Ретиноиди во вечерната рутина
Ако има суперхерој против фини линии, тоа се ретиноидите. Тие го стимулираат обновувањето на клетките, го стимулираат колагенот и ја затегнуваат кожата. Започнете со ниска концентрација неколку пати неделно, а потоа постепено зголемувајте. Резултатот: подебела и поцврста кожа, но без иритација.

3. Не заборавајте го SPF
УВ зрачењето го разградува колагенот, особено околу усните. Затоа SPF е задолжителен секој ден, без разлика дали е зима или лето. Користете:

Транспарентен балсам за усни со SPF
Тенок слој крем за лице над горната усна

4. Вежби и масажа
Малку магија позната како јога за лице може многу да помогне. Нанесете хранливо масло или богат крем, а потоа масирајте со кружни движења. Ова ја стимулира микроциркулацијата и ги опушта мускулите. Се чини едноставно, но редовно – прави вистинска разлика.

5. Ограничете ги „стресните“ навики
Повторувачките движења како што се стегање на усните или користење сламки ги влошуваат вертикалните линии. Најважниот чекор? Станете свесни за овие навики и намалете ги. А најдобриот потег за намалување на брчките кај пушачите? Да, погодивте – престанете да пушите.

Прикажи повеќе...

Забава

Прават драма дури и од најмалиот проблем: Ова се најголемите паничари во хороскопот

Објавено пред

Од

Сите знаеме барем една личност која прави вистинска драма дури и од најмалиот проблем, кревајќи паника како да е крај на светот.

dobivaj vesti na viber

Додека некои луѓе се природно смирени и сталожени, астролозите тврдат дека тенденцијата за паника може да биде запишана во ѕвездите. Запознајте ги трите хороскопски знаци кои се вистински мајстори во претворањето на мува во слон.

Рак

Раковите се познати како најемотивниот знак на зодијакот, а нивната длабока чувствителност често е причина за прекумерни реакции. Управувани од Месечината, нивните расположенија се менуваат како плимата и осеката, а тие го доживуваат секој мал проблем многу лично и интензивно. Еден погрешен поглед или двосмислена порака е доволна за да се создаде најлошото можно сценарио во нивната глава.

Нивната грижа за своите најблиски е легендарна, но во исто време ги прави и најголеми паничари. Ако нивниот партнер не одговори на првиот повик, Ракот е веќе подготвен да ги повика службите за итни случаи и болниците. Нивната жива имагинација, која обично е извор на креативност, станува нивен најлош непријател во стресни ситуации, создавајќи драми достојни за холивудски филмови.

Девица

Девиците се мајстори за анализа и детали, но токму оваа опсесија со совршенство ги прави склони кон паника. Нивниот свет мора да функционира според строго утврдени правила, а секое, дури и најмалото отстапување од планот може да предизвика вистинска тревога. За Девицата, дамка на кошулата пред важен состанок не е само ситница, туку катастрофа од епски размери.

За разлика од Ракот, чија паника е емоционална, кај Девицата е ментална. Тие ќе поминат низ сто можни негативни исходи во својата глава, анализирајќи ја секоја ситница што тргнала наопаку. Нивниот внатрешен критичар никогаш не спие, па затоа често ја претеруваат важноста на малите грешки, убедени дека тие ќе доведат до целосен неуспех. Нивната потреба да држат сè под контрола ги прави неверојатно вознемирени кога работите ќе излезат од контрола.

Лав

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а понекогаш најлесниот начин да го направат тоа е да создадат малку драма. Иако не се нужно вознемирени како Ракот или Девицата, нивната тенденција да драматизираат е ненадминлива. Секоја приказна што ја раскажува Лавот ќе биде зачинета со малку претерување за да биде поинтересна, а секој проблем станува можност за голема претстава.

Нивното его е чувствително, па затоа можат да ја доживеат најмалата критика или занемарување како голема навреда. Ако се чувствуваат запоставени, Лавот лесно ќе ја претвори мувата во слон само за да го привлече вниманието назад кон себе. Нивната паника не е тивка и внатрешна; таа е гласна, театарска и бара публика. Сепак, добрата вест е дека тие можат да се смират исто толку брзо колку што се вознемирија – штом ќе го добијат вниманието и восхитот што го сакаат.

Прикажи повеќе...

Забава

Витаминот А е поважен отколку што мислите: Го штити видот, имунитетот и клетките

Објавено пред

Од

Витаминот А може да се внесе во телото на неколку начини, но најприродниот и наједноставниот начин е балансирана исхрана.

dobivaj vesti na viber

Иако за него се дискутира помалку од витамините Ц, Д или Е, витаминот А игра подеднакво важна улога во одржувањето на здравјето. Можеме да го внесеме во телото на неколку начини, но најприродниот и наједноставниот начин е балансирана исхрана. Нутриционистката Даница Премирели во интервју за порталот Eating Well ги истакна клучните придобивки од овој витамин.

Го штити видот

Витаминот А најчесто се поврзува со добар вид, особено ноќе. Неговиот недостаток може да доведе до ноќно слепило, а покрај тоа, е важен за нормалната функција на рожницата.

Антиоксидативен ефект

Каротеноидите, растителни пигменти кои можат да се претворат во витамин А во телото, дејствуваат како моќни антиоксиданси. Тие ги штитат клетките од оштетување предизвикано од оксидативен стрес – процес кој со текот на времето може да го поттикне хроничното воспаление и да ја зголеми веројатноста за развој на дијабетес тип 2, одредени видови рак и кардиоваскуларни заболувања. Истражувањата потврдуваат дека исхраната богата со каротеноиди може да го намали овој ризик.

Имунитет

Иако витамините Ц и Е често се споменуваат во контекст на имунитетот, витаминот А е подеднакво важен за правилното функционирање на одбранбениот систем. Тој е особено важен за формирање на слуз што ги „заробува“ штетните микроорганизми пред да се шират, како и за развој на епителни клетки кои ја формираат првата линија на заштита на нашите органи од патогени.

Каде да го најдете?

Овој витамин природно се наоѓа во многу прехранбени производи од растително и животинско потекло, така што повеќето луѓе можат да ги задоволат своите дневни потреби без додатоци во исхраната.

Најдобри растителни извори на витамин А се храната со интензивни бои – портокалова, жолта, црвена и темно зелена – како што се морковите, слатките компири, спанаќот, дињите и црвените пиперки, кои се богати со бета-каротен. Меѓу животинските производи, се издвојуваат јајцата, сирењето и масната риба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Кузеска: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет3 часа

Зеленски: Преговорите со Америка не се лесни

Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Свет3 часа

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија3 часа

(Фото) Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на...

Македонија3 часа

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија23 часа

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ1 ден

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет1 ден

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет2 дена

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија2 дена

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија2 дена

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија2 дена

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија3 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...

Македонија3 дена

Британски медиуми објавија дека се преговара со Македонија за отворање центар за мигранти, СДСМ ја повика Владата да ја објави содржината на разговорите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја повика Владата веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори...