Забава
Тејлор Свифт е најстримувана уметница во историјата на „Спотифај“
Тејлор Свифт уште еднаш влезе во историјата на „Спотифај“ откога пејачката постигна два подвига на платформата за стриминг на музика по објавувањето на албумот „1989 (верзија на Тејлор)“.
„Го стори тоа повторно. На 27 октомври Тејлор Свифт стана најстримуван изведувач во еден ден во историјата на „Спотифај“, а 1989 (Taylor’s Version) е преслушан најмногу во еден ден во 2023 година досега“. соопштија од „Спотифај“.

Фановите бргу реагираа на новото достигнување на Тејлор. „Еден наслов најдобро кажа: Тејлор Свифт е музичката индустрија“, коментираа многумина.
Според „Чарт дата“, Тејлор го собори својот рекорд на 27 октомври за најголем стриминг-ден за кој било изведувач на „Спотифај“ со 260 милиони преслушувања низ нејзиниот каталог.
Таа исто така стана првиот изведувач што постигна повеќе од 250 милиони слушања на платформата.
Реизданието на албумот „1989“ има најмногу стримови во еден ден во историјата на сите албуми објавени на „Спотифај“. Истиот ден Свифт го собори и сопствениот рекорд и уште еднаш ја освои титулата изведувач со најмногу стримови во првите 24 часа од објавувањето. Првпат овој рекорд го постигна со својот десетти студиски албум, Midnights, во октомври 2022 година.
Новата верзија на албумот „1989“ содржи 16 нумери од оригиналната верзија на албумот и пет нови песни.
Поп-дивата најави во 2019 година дека планира да ги пресними своите први шест студиски албуми откако нејзината поранешна издавачка куќа ги продаде нејзините мастер-снимки. Оттогаш таа издаде т.н. верзија на Тејлор за албумите Red, Speak Now, Fearless и 1989. Се очекуваат нови верзии на албумот Reputation и на нејзиниот прв албум Taylor Swift.

Неодамна „Форбс“ објави дека Тејлор постигнала статус на милијардерка со проценета вредност од 1,1 милијарда долари.
Списанието процени дека само музичкиот каталог на Тејлор сега вреди 500 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

