Контакт

Забава

Тејлор Свифт првпат на листата на милијардери на „Форбс“

Објавено пред

Пејачката Тејлор Свифт првпат се најде на листата на милијардери на „Форбс“ како една од 14-те славни личности, чие збирно нето-богатство се проценува на 31 милијарда долари.

dobivaj vesti na viber

Свифт стана милијардерка во октомври во голема мера благодарение на рекордната турнеја „Ерас“, која стана првата турнеја во историјата со заработка од повеќе од 1 милијарда долари, околу 1,04 милијарда долари само од првите 60 концерти, пишува „Форбс“.

Таа е и првата музичарка што станала милијардер само врз основа на нејзините песни и изведби.

Забава

По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија, вели Андријана Јаневска

Објавено пред

Нашата пејачка Андријана Јаневска е разочарана од годинешното издание на Евровизија. Таа вели дека по ова издание на Евровизија, донела правилна одлука што не прифатила да ја претставува Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Минатата година тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година кога се натпреварував со ‘Твоето писмо моја библија’ или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со ‘Носталгија’. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик“, вели таа во својата фејсбук-објава и додава:

„Денес, имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои. Благодарност до МТВ за укажаната можност, но по ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“, заклучи Јаневска по годинешното издание на Евровизија.

Прикажи повеќе...

Забава

Калиопи со концерти во Скопје и Битола

Објавено пред

Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи ќе одржи концерти во Скопје на 19 октомври во арената „Борис Трајковски“, како и во Хераклеја – Битола на 20 јули.

dobivaj vesti na viber

Во моментот го подготвува својот нов албум, кој на јавноста ќе ѝ биде претставен до крајот на овој месец.

Билетите за концертите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, „Розе Веро 2“, како и „ЈК травел“ во Бисер.

Прикажи повеќе...

Забава

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Објавено пред

Ветеран од британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на поштенската лотарија, кој го подели со своите соседи во населбата во која живее.

dobivaj vesti na viber

Дејвид од градот Бриџ Ерне, во округот Першир, на југозападниот дел на Шкотска, татко на две деца, на 27 април на поштенската лотарија успеал да освои 10,2 милиони фунти и, како што објави таблоидот „Сан“, добивката ја подели со 10 соседи во своето маало.

Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е најголемата награда досега освоена во наградна игра во Шкотска.

Другите двајца најдобри победници во ждрепката на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи освоија по 340.000 фунти.

„Не знам како се чувствувам. Малку сум шокиран. Мислев дека 15.000 фунти или дури 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум апсолутно зачуден“, рекол Дејвид додека неговите соседи гласно го прославувале џекпотот.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт45 минути

Ждрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот барабан

Foto/ facebook.com/rfmofficial Ракометната репрезентација на Македонија, вчера, направи голем пресврт, надомести минус од седум голови прптив фарските Острови и се...

Македонија1 час

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 час

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 час

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет2 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет2 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет2 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет3 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет3 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет3 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија14 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија18 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија19 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ19 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија20 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија20 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава22 часа

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет23 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет1 ден

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...