Забава
Тејлор Свифт казнета 3.000 долари поради отпадот пред својот дом
Една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Тејлор Свифт, добила казни во вкупен износ од 3.010 долари поради отпад оставен пред нејзината куќа во Њујорк.
Во 2017 година Свифт купи прекрасна куќа на улицата Френклин во Трибека за 18 милиони долари. Откако ја префрли својата база во Њујорк, пејачката добила 32 парични казни затоа што не го одржувала чист просторот пред својата куќа, пренесуваат американски медиуми.

Казните, до кои дојде „Њујорк пост“, се добиени во периодот од јануари 2018 до јануари 2023 година. Откога неколку пешаци се пожалиле дека им смета ѓубрето на „Френклин“ бр. 153, инспектори застанале пред нејзината куќа и не биле задоволни од валканиот тротоар и несоодветното фрлање ѓубре. Тротоарот наводно бил полн со весници, шишиња, картони и салфетки, а имало и неколку догорчиња од цигари.
Пејачката ги обжали казните, а од вкупната сума одземени се само 200 долари. Но, нејзините соседи не се задоволни од тоа како Тејлор го одржува тротоарот пред куќата. „Таа не се грижи за ѓубрето. Таа е повеќе фокусирана на милионската турнеја, која нејзините фанови ги доведува до банкрот“, вели една девојка, која шета кучиња на таа улица.
Сепак, има и некој што застана во нејзина одбрана.
Дејвид Алдеа, нејзиниот поранешен станодавец, искажа пофални зборови: „Таа беше совршена станарка цело време. Имам само позитивни работи да кажам за неа“.
Некои ги обвинуваат фановите што чекаат пред нејзиниот дом за да ја видат дека тие, всушност, оставаат ѓубре.

Oва не е единствениот недвижен имот што таа го поседува. Има уште неколку станови и куќи во Њујорк, Беверли Хилс, Род Ајленд и во Нешвил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

