Забава
Том Круз се раздели од девојката само неколку дена откога ги запозна нејзините деца

Актерот Том Круз се раздели од девојката, Елсина Кајрова, само неколку дена откога ги запознал нејзините деца, објави британски „Дејли мејл“.
Ѕвездата од „Топ Ган“ (61) и Елсина (36) првпат беа забележани во декември за време на забавата во „Мејфеир“, каде што биле видени како се забавуваат.
Сега медиумите јавуваат дека тие се разделиле, само неколку дена откако тој ги запознал нејзините деца.
Во објавите се вели дека Том ја “разладил романсата”, но сакал да остане пријател бидејќи живеат во истиот станбен блок во Лондон.
“Да се прекинат работите со лоша нота би било незгодно ако налетаат еден на друг во лифтот“, изјавил еден од изворите на британските медиуми.
“Не постојат лоши чувства помеѓу нив и за Том, нивната врска едноставно го изгуби курсот“, вели изворот.
Елсина има син и ќерка од нејзиниот претходен брак со рускиот олигарх и трговец со дијаманти, Димитриј Цветков.
Елсина е ќерка на водечки руски политичар кој вреди околу 5 милијарди фунти и е близок сојузник на претседателот Путин.
Разделбата доаѓа по минатонеделните објави дека Том станува се поблизок со Елсина и редовно ги поминува ноќите во нејзиниот стан во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Нова песна од Тарабунов – „Љубов“: Вулкан од емоции, сведоштво за љубовта и зрелоста на еден автор

Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабунов – Тара ни ја подава својата душа – сурова, чиста, автентична. Со новата песна „Љубов“, овој талентиран изведувач и автор ја отвора вратата кон своето најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега.
Создадена во еден здив, во тишината на едно дождливо попладне, песната „Љубов“ не е само уште една баладa, таа е емотивна ерупција, вулкан од страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара.
Песната е напишана, компонирана и изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита. Слична е приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.
„Трепериш ко капка утринска… Ѕвезден прав ни спои патишта…
Во сите мои животи знам ќе те пронајдам…“ Секоја строфа носи по еден универзум на чувства, а секој стих е сведоштво за една љубов која не боли, туку спасува.
„Љубов“ го претставува Тара во едно сосема ново музичко светло, искрен, ранлив, но и моќен во својата тишина. Со оваа песна, тој не само што ја отвора својата душа, туку ја става љубовта на пиедесталот каде што и припаѓа како суштина, како судбина, како најголема тајна на животот.
„Сите кои ја слушнаа песната пред нејзиното официјално објавување беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно дека ова е песна што останува. Верувам дека и судот на публиката ќе биде идентичен. „Љубов“ нека биде химна за вљубените, песна за опуштена вечер со чаша вино во рака и доза на романтика. Затоа што музиката освен што се слуша и се чувствува“, вели Тара.
„Љубов“ не е само песна. Таа е момент. Вистина. Воздишка. Спомен. Ветување…
Со полни гради ја вдишуваме, и не престануваме да ја слушаме. Тара е тука, поинаков, посилен, поискрен. Ова е неговото време. Ова е „Љубов“.
Забава
Вечно младолики: хороскопски знаци кои изгледаат одлично без разлика на годините

Некои луѓе едноставно зрачат со младешка енергија, без оглед на тоа колку години имаат. Нивната свежина не доаѓа само од генетиката, туку и од оптимизмот и начинот на кој го живеат животот. Астролозите велат дека токму овие три знаци најчесто изгледаат вечно млади.
Близнаци
Нивната постојана љубопитност и духовитост ги прават живи и полетни. Никогаш не паѓаат во рутина и зрачат со позитивна енергија што ги прави вечно млади во духот.
Вага
Вагите имаат природен вкус за стил и рамнотежа. Секогаш изгледаат уредно, смирено и со елеганција што не старее. Нивната убавина доаѓа од внатрешниот мир.
Стрелец
Оптимисти и авантуристи по природа, Стрелците со својот ентузијазам и насмевка секогаш оставаат впечаток на младост. За нив годините се само бројка.
Забава
Клое Кардашијан: Не сум имала секс повеќе од три години

Ѕвездата на реалното шоу „Кардашијанс“,Kлое Кардашијан сподели изненадувачки искрени информации за нејзиниот сексуален живот – или поточно, за недостатокот од него.
Исповедта дојде за време на разговор со сестрата Кортни Кардашијан и пријателот Сајмон Хак во премиерната епизода од новата сезона на нивната серија, а темата беше покрената по дискусијата за новиот производ на Кортни, бомбони за либидо пишува „Е! њуз“.
„Немам секс повеќе од три години“, призна Клое, поттикнувајќи го Сајмон на шега да предложи: „Оваа гумена бомбона е совршена за тебе, дали сакаш да бидеш во реклама?“
Клое ја прифати шегата и одговори: „О, одлично. Да, ќе бидам.“
Нејзината сестра Кортни верува дека за Клое, која има две деца со поранешниот партнер Тристан Томпсон, Тру и Тејтум, ова е идеално време да се посвети на себе.
Но, Сајмон не се откажа и ја праша Клое дали навистина има некој „на нејзиниот список“. „Не“, потврди таа. „Не испраќам пораки до никого, немам ничиј телефонски број, можам да го оставам мобилниот телефон до вас“.
Кога Сајмон ја праша каде одат нејзините голи фотографии, Клое одговори дека нема дестинација за нив, додавајќи: „Немам никакви голи фотографии, какви голи фотографии?“
Претходно оваа година, 41-годишната реалити ѕвезда потврди дека целосно се откажала од излегувањата и е среќна сама. „Видов на Инстаграм дека некој се оженил со Ајфеловата кула, храна, мобилен телефон и нешто друго“, се пошегува Клое во една од претходните епизоди. „Значи, тоа би можела да бидам јас за неколку години, да се мажам за нешто како мојот кревет.“
„Тоа би било убаво“, продолжи таа. „Се мажам за мојот кревет. Знам кај кого се враќам дома секоја вечер. Знам дека тој ќе биде тука за мене кога сакам. И ќе ме гушка кога сакам. И нема да се жали.“