Забава
Том Круз слета со хеликоптер во приватна градина, доцнел на состанок
Британско семејство доживеа необично изненадување кога хеликоптер слета во нивната градина. Семејната мисија, која тие одлучија да ја прифатат, доведе до средба со холивудска sвезда.
Том Круз, кој во моментов го снима најновиот од серијалот „Невозможна мисија“, се појави како на филм во градината на Алисон Веб во Ворвикшир.
Актерот планирал да слета на аеродромот Ковентри, но тој бил затворен и тимот на Круз брзо пронашол алтернатива. На семејството Веб им било кажано само дека нивниот двор ќе служи како писта за неименуван ВИП-гостин бидејќи блискиот аеродром е затворен. Тие не ни помислиле дека гостинот е ѕвездата на „Невозможна мисија“.

„Мислев дека би било кул децата да видат како хеликоптерот слетува во градината“, изјави Алисон за „Би-би-си њуз“.
„Кога Том пристигна и излезе, сите бевме како – лелеее, ова се случува во нашата градина. Отиде директно кај децата и ги покани со него, а потоа дојде кај нас и ни се заблагодари. Тоа беше неверојатен ден за нас и надреално искуство. Сè уште не можам да верувам дека навистина се случило.“
„Круз беше добро расположен и, како благодарност, предложи децата да се возат со хеликоптер додека тој е на состанок. Отиде директно кај нив и ги праша дали сакаат пилотот да ги повози”, додаде таа.

Круз потоа се фотографирал со семејствотово во чија градина слета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

