Забава
Том Харди и Пит Дејвидсон во драма за војната во Виетнам

30 години по објавувањето на романот за Виетнамската војна „Работите што ги носеа“, бестселерот се сели на големото платно со екипа од sвезди, пренесува порталот „Дедлајн“.
„Работите што ги носеа“ (The Things They Carried) е еден од неколкуте проекти што излегуваат од виртуелниот американски филмски пазар, а Том Харди и Пит Дејвидсон ќе ја предводат актерската екипа, Ним им се придружуваат Тај Шеридан (Ready Player One), Стефан Џејмс (21 Bridges), Бил Скарсгард (IT), Ештон Сандерс (Wu-Tang: An American Saga), Мартин Сенсмаер (Yellowstone), Моис Ариас (The Кing of Staten Island) и Ангус Клауд (Еuphoria).
Книгата ja напиша Тим О’Брајан, главно врз база на сопственото искуство како војник во Виетнамската војна во 23-та пешадиска дивизија.
„Работите што ги носеа со нив“, револуционерно размислување и моќен наратив за војната, меморијата и имагинацијата, освои бројни награди во 1990 година, и беше прогласена за една од книгите на векот на „Њујорк тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Блејк Лајвли се збогува со Мишел Трахтенберг: Вистинските трагедии погодуваат ненадејно

Блејк Лајвли и посвети емотивна објава на нејзината колешка Мишел Трахтенберг. Мишел ненадејно почина на 26-ти февруари на 39-годишна возраст.
Лајвли објави нивна заедничка фотографија. Тие две глумеа заедно во серијата Gossip Girl. Блејк ја толкуваше Серена ван дер Вудсен, додека Мишел ја глумеше Џорџина Спаркс.
„Ова беше првиот ден кога ја запознав Мишел“, напишала Лајвли во својот опис на фотографијата. „Кога Мишел ќе влезеше во собата, ќе го знаевте тоа бидејќи енергијата ќе се променеше. Сè што правеше, правеше со 200%“, додаде Блејк.
Таа ја нарече „вистински љубезна личност“, а потоа се осврна на фактот дека нејзините колеги со текот на времето изгубиле контакт.
„Времето минува. Земате здраво за готово дека повторно ќе видите стар пријател. Да парафразирам, вистинските трагедии во животот се оние кои ве погодиле ненадејно, во обичен ден“, напиша Блејк.
„Светот изгуби исклучително чувствителна и добра личност. Нека нејзината работа и нејзиното големо срце ги паметат оние кои имаа среќа да го почувствуваат нејзиниот оган“, заклучи Блејк.
Забава
Колегите се простуваат од Мишел Трахтенберг: „Почивај во мир убавице“

Мишел Трахтенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности и оддадоа почит на Мишел откако полицијата во Њујорк ја потврди смртта на 39-годишната актерка на 26 февруари.
По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи.
Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на Инстаграм. „Срцето ми се кине за мојот пријател од детството“, напиша покрај фотографија од Мишел. „Твоето сеќавање ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.
Сочувство до колешката искажа и Ким Катрал, позната по улогата во серијата Сексот и градот. „Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, а отиде прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.
„Почивај во мир убавице. xo“, додаде таа.
Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од двете од филмот Ice Princess, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.
„Таа ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе“, напиша Кенан Томпсон.
Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од Buffy the Vampire Slayer, сподели проштална порака со „Пипл“. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме убава душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно смешна и многу талентирана личност. Таа замина прерано, оставајќи зад себе многумина кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрасни луѓе кои сега ја доживуваат најтешката загуба. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се справат со оваа болка. Ќе ни недостасуваш Мишел“, рече тој.
Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата Clarissa Explains It All, во која глумеа заедно.
Забава
Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, изјавија полициски извори за ABC News.
Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Од полицијата за медиумите потврдија дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.
Според информациите на ТМЗ, на актерката неодамна и била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Sartiano’s минатиот четврток вечер.
„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата и понатаму е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.