Забава
Том Хенкс му испрати машина за пишување на момче исмејувано поради неговото име Корона
Холивудскиот актер Том Хенкс испрати писмо и машина за пишување – марка Corona – на едно момче од Австралија кое му напиша дека го исмејуваат поради името, Корона, објави австралиската ТВ-мрежа во четвртокот.
Корона де Врис, осумгодишник од Голд Коуст во државата Квинсленд, му пишал на Хенкс, кој заедно со сопругата Рита поминаа повеќе од две недели во карантин во Австралија откако беа тестирани позитивни за Ковид-19.
Момчето напишало: „Слушнав за веста дека вие и вашата сопруга сте биле заразени со коронавирус. Дали сте добро?“ пренесува австрлиски Канал 7 (Channel 7 News).
„Јас го сакам своето име, но луѓето во училиште ме викаат коронавирус, и тоа ме прави тажен и лут“, напишало детето.
А Хенкс му одговорил дека тој и неговата сопруга се чувствуваат пекрасно дека добиле писмо од него.. Повратното писмо го напишал на истата машина за пишување (Corona) којашто ја носел со себе во Голд Коуст.
„Ти си единствената личност за која сум знаел дека се вика Корона – како прстен околу сонцето, како круна“, му напиша двократниот добитник на „Оскар“ на момчето.
„Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара“, цитира Канал 7 вести заедно со слика од писмото. „Прашај некој возрасен како работи. И користи ја за да ми пишеш повторно.“
И на крајот на страницата отчукана на машина, Хенкс завршува со порака напишана на рака: „П.С. Имаш пријател во мене!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,