Забава
Том Хенкс му прати подарок на момчето што го исмевале поради името
Том Хенкс (63) е еден од првите познати актери што објави дека е заразен со коронавирус. Тој редовно ги известуваше обожавателите за својата состојба. На крајот оздраве и се чувствува добро.
Покрај тоа, тој испратил подарок за еден од обожавателите, пишува „Мирор“. Станува збор за момче од Австралија, чие име е Корона, поради што го исмевале неговите врсници. Кога дознал дека Том и неговата сопруга Рита (63) биле заразени со коронавирус, тој им испратил писмо и им посакал брзо оздравување. Во писмото исто така тој се пожалил дека е етикетиран во училиштето поради името.
„Си го сакам моето име, но на училиште ме нарекуваат коронавирус. Јас сум многу тажен и лут кога луѓето ме нарекуваат така“, напишал тој. Хенкс се сетил на него и му пратил машина за пишување од брендот „Корона“.
Покрај тоа, тој му напишал и писмо на момчето.
„Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара. Поради твоето писмо, јас и мојата сопруга се чувствувавме прекрасно. Ти благодарам што беше толку добар пријател. Пријателите прават нивните пријатели да се чувствуваат добро кога се на дното. Те видов на телевизија. И покрај тоа што се вратив во Америка и сега сум целосно здрав, сепак се чувствувам подобро поради твоето писмо“, напиша Хенкс.
„Прашај ги родителите како работи оваа машина за пишување, па напиши ми уште едно писмо“, заврши актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Николас Кејџ доби една од главните улоги за поинаква приказна за Исус
Николас Кејџ е еден од актерите кои добија улога во претстојниот хорор филм The Carpenter’s Son. Хорор филмот го режираше режисерот Лоти Нејтан, кој го напиша и сценариото.
Според Deadline, The Carpenter’s Son го истражува животот на младиот Исус Христос и неговото семејство. Станува збор за мрачна приказна за семејство кое се крие во Египет.
Николас Кејџ ќе го игра Карпентер (Џозеф од Библијата), а Ноа Јуп ќе го игра момчето (Исус), пренесува Deadline. Режисерот Нејтан најде инспирација за хорор филмот во Евангелието на Тома од детството, кое датира од 2 век од нашата ера.
Не е познато кога ќе започне снимањето на филмот, ниту кога гледачите ќе можат да го гледаат во кината или на стриминг сервисите.
Забава
Не знаат да се опуштат: Хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината
Грижата за иднината е вообичаен феномен, а стравот од непознатото може значително да влијае на нашето секојдневие. Додека некои луѓе не се грижат за деновите што претстојат, други постојано се грижат за тоа што може да тргне наопаку. Еве во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не можат да ја прифатат сегашноста.
Девица
Девиците се познати по нивната склоност кон перфекционизам и аналитички пристап кон животот. Нивната постојана потреба за контрола и детално планирање често ги спречува да се опуштат. Девиците постојано ги анализираат сите можни исходи од настаните и често се грижат за проблемите кои можеби никогаш нема да се појават.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и емотивни, а нивното длабоко емоционално вложување во сите области од животот ги прави особено чувствителни на идните неизвесности. Нивниот фокус на скриените аспекти на секоја ситуација може да доведе до прекумерна грижа за потенцијалните негативни сценарија.
Рак
Раковите се многу интуитивни и емотивни, а нивната грижа често произлегува од нивната потреба за сигурност и стабилност. Тешко се справуваат со неизвесноста, поради што често размислуваат за најлошиот исход за психички да се подготват за сите можности.
Забава
(Видео) Ким Кардашјан ги шокира луѓето со фустан на Мет гала: „Како може воопшто да дише во ова?
Синоќа, се одржа годинешната Мет гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашјан, чиј фустан привлече големо внимание.
Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како реалната ѕвезда успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.
I can’t wait for someone interview Kim so I can watch her try to take enough air into her diaphragm to say a sentence #MetGala pic.twitter.com/BywGAH2HEC
— Libby (@Libbotomy) May 7, 2024
„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. „Како дише Ким Кардашјан? Нејзината половина изгледа толку мала“, рекол друг. „Половината на Ким Кардашјан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.
„Ким Кардашјан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро“, „Не ми се допаѓа Ким Кардашјан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пеколот“, беа некои од коментарите.
Инаку, годинешниот официјален дрескод за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ. Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња, кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметноста, „Метрополитен“, беше преплавен со прекрасни креации, кои тешко може да се видат на друго место.