Забава
Том Хенкс плачел зад камерата за да ѝ помогне на 12-годишната актерка да покаже емоции
Детската ѕвезда Хелена Зенгел, која се појавува заедно со холивудската легенда Том Хенкс во претстојниот филм News of The World, вели дека тој плачел за секоја сцена во која неа ја снимале одблиску обидувајќи се да ѝ помогне да покаже емоции на екранот.
Во разговор со „Холивуд репортер“ пред утрешната божикна премиера на филмот 12-годишната актерка открива дека актерот од А-листата се трудел да ја натера да го подигне својот перформанс.
„Тој буквално плачеше во секоја сцена, иако не беше во кадар – тоа го правеше кога јас бев во крупен план“, рече Зенгел, која ја игра Џоана Леонбергер заедно со капетанот Џеферсон Кајли Кид (Хенкс) во авантуристичката вестерн-драма.

Приказната на филмот следи еден ветеран од граѓанската војна, капетан Џеферсон, кој ја носи Џоана кај нејзините вујна и вујко. Тие патуваат стотици километри и се соочуваат со големи опасности додека го бараат местото што едвај може да се нарече дом.
Дејството се одвива по граѓанската војна во САД, а сторијата се фокусира на нивното епско патување низ поделената Америка. Во меѓувреме, тој чита вести во мали градови.
Хелена Зенгел, која почнала да глуми на возраст од пет години, е полна со пофалби за оскаровецот Хенкс (64) за неговата пожртвуваност како колега во филмот и желбата да ѝ помогне да биде подобра на екранот.

Детската ѕвезда, која е родена во Германија, додаде: „Да го правите тоа одново и одново за вашиот партнер, дури и кога не се гледате себеси во филмот, беше навистина неверојатно и прекрасно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Никој не може да ја погледне во очи: Ким Кардашијан со предизвикувачко деколте
Ѕвездата на ријалити шоуата Ким Кардашијан е најсреќна кога сите очи се вперени во неа. Откако го прослави својот 45-ти роденден и предизвика доста возбуда со своите провокативни фотографии на Инстаграм, сега им зададе тешкотија на фотографите.
Кога беше запрена на влезот од хотел во Рио де Жанеиро и и беше побарана изјава, ретко кој можеше да се концентрира и да ја погледне Ким директно во очи.

Кардашијан избра црвен лежерен фустан кој малку паѓа преку градите и открива премногу. Како и обично, Ким сè украси со детали, па имаше низа сребрени ѓердани околу вратот слични на популарните чокери, додека косата ѝ беше собрана назад и врзана во пунџа.

Нејзиниот фустан имаше гол грб, па затоа е многу дискутабилно колку деколте беше безбедно, со оглед на тоа дека сè зависеше од еден погрешен чекор. Ким не носеше градник под нејзиниот фустан што ги „отежнуваше“ работите за публиката.

Токму како што сакаше, Ким Кардашијан повторно го украде целото внимание.
фото: принтскрин
Забава
Актерката го избриша сопругот од социјалните мрежи: „Готово е, се разведуваат“
Ејми Шумер наводно се соочува со развод и покрај сите напори што ги прави за да успее нејзиниот брак со Крис Фишер, објавија странските медиуми.
Познатата комичарка Ејми Шумер е во центарот на вниманието во последно време, прво поради нејзината трансформација, а сега и поради гласините дека западнала во брачна криза.
Според извор, Ејми прекинала да го следи Крис на Инстаграм и ги избришала сите фотографии заедно.
View this post on Instagram
„Таа го избриша Крис од Инстаграм, а потоа и сè друго. Готово е. Таа веќе не зборува толку многу за него, како да не се повеќе блиски“, изјавил извор за Дејли Меил.
Од друга страна, извор за „Пипл“ открил дека и двајцата сè уште работат на своите проблеми и се посветени на својот брак.
Ејми Шумер и Крис Фишер се во брак од 2018 година и имаат еден син. Овие гласини се поврзани и со нејзините претходни изјави кога изјавила дека мора да закажат време за водење љубов, а потоа нејзиниот нов изглед стапил во игра.
Откако Ејми ослабе многу и почна да ја покажува својата извајана фигура, многумина коментираа дека тоа е тесно поврзано со криза во нејзиниот брак.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омразена убавица „го запали интернетот“ со секси облека: „Нема подобар стајлинг за Бадник“
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи.
Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look
pic.twitter.com/xg4F7iGJnp— FearBuck (@FearedBuck) November 14, 2025
Мили беше фотографирана за празничната колекција на брендот за облека Florence by Mills Fashion, кој е во нејзина сопственост, а една посебна божиќна комбинација предизвика лавина од коментари.
Дали го очекувала тоа или не, никогаш нема да знаеме, но нема сомнение дека Мили ги поместува сите граници на модата, гламурот и совршениот изглед.
За само еден ден, објава во која Мили позира во црвена маица и кратки шорцеви, собра над два милиони лајкови, и јасно е зошто можете да наидете на коментарот „дури и Дедо Мраз би сакал да го види ова“.
„Здраво луѓе, носам многу пристојна облека. Помислив нема подобар начин да спијам на Бадник отколку во оваа скромна и удобна облека. Поздрав, хо, хо, хо“, напиша Мили.
И повторно, како и претходно, секое нејзино појавување е добра основа за негативни коментари, за кои Мили веќе зборуваше. Луѓето ѝ велеа во коментарите дека изгледа 20 години постара, а забележаа и дека го изгубила препознатливиот британски акцент, сега има многу забележлив американски акцент во нејзиниот говор.
фото: принтскрин

