Забава
Том Хенкс финансиски помогнал да се снимат некои од иконските сцени на „Форест Гамп“
Во Холивуд е познат по тоа дека е многу добар човек, приземен и секогаш пристоен, а најново, дека е и дарежлив, кога откри дека платил дел од трошоците за продукција на култниот „Форест Гамп“ од својот џеб.
Омилениот холивудски актер, режисер и продуцент Том Хенкс откри дека помогнал да се плати скапото патување на главниот лик низ целата земја кога режисерот на филмот од 1994 година, Роберт Земекис, го замолил да ги подели трошоците со него.
Во разговор со новинарот Грејм Бесинџер (In Depth), Хенкс се присети: „Режисерот рече: Ова патување ќе чини икс долари. И тоа не беше евтино. Му одговорив: Добро. Тој додаде: Јас и ти ќе ја поделиме таа сума“.
„Ние ќе ви ги вратиме парите, но вие момци („Парамаунт“) ќе мора да ги споделите и профитите, а студиото одговори: „Одлично. Договорено!“, раскажува Хенкс. „Тоа беше добро и за нас“, рече тој.

Хенкс исто така помогнал во трошоците за осигурување.
„Тие рекоа: Временските услови се такви што не можеме да обезбедиме осигурително покритие. Значи, вие момци не можете да снимате. Боб (Роберт Земекис) и јас им рековме: Ние ќе го покриеме осигурувањето. И тоа го сторивме“.
„Форест Гамп“, филмска адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, освои шест „Оскари“ во најважните категории и три „Златни глобуси“. Комичната драма, сторија за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот, се смета за класика на современата филмографија.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

