Контакт

Забава

Том Холанд емотивен за потенцијалното збогување со Спајдермен

Објавено пред

Претстојниот Spider-Man: No Way Home („Човек-пајак: Далеку од дома“) ќе го означи крајот на најновата трилогија за суперхеројот, а Том Холанд признава дека не е сигурен дали тој и неговите колеги од филмот – Зендаја и Џејкоб Бeталoн – ќе се вратат во своите улоги.

dobivaj vesti na viber

25-годишниот Том за весникот „Сан“ изјави: „Ова е крај на трилогијата и е многу емотивно за нас тројцата“.

„Почнавме да работиме заедно кога имавме 19 години, бргу станавме пријатели и растевме заедно, бевме како семејство надвор од универзумот на Спајдермен, така што не е јасно што носи иднината. Евентуалното простување од овој лик е навистина емотивно“.

Ѕвездата додаде: „Спајдермен ќе живее засекогаш во мене“.

И покрај неизвесноста на Том, продуцентката Ејми Паскал минатата недела навести дека тој се враќа како легендарниот суперхерој во уште три филма.

Забава

Безос има богатство од 220 милијарди евра, адвокатите работат на обемен предбрачен договор

Објавено пред

Од

Со неверојатни 220 милијарди долари богатство, претстојната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез сигурно ќе биде спектакуларен настан. Но, сè уште има работа што треба да се направи пред свадбата. Како трет најбогат човек во светот, основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, со помош на армија правни експерти, составува предбрачен договор пред да го кажат судбоносното „Да“.

dobivaj vesti na viber

Џеф (61) и Лорен (55), кои се свршија во 2023 година на неговата суперјахта од 500 милиони долари покрај брегот на Кан, наводно се многу возбудени за нивната претстојна свадба. Според MailOnline, Безос би се венчал утре доколку можел, но неговите адвокати не му дозволуваат да го стори тоа додека не се средат сите правни детали.

Со оглед на тоа што богатството на Безос се проценува на 220 милијарди долари, адвокатот истакнува дека подготовката на таков предбрачен договор трае неколку месеци. Процесот вклучува проценка на вредноста на средствата, обврски за правно откривање, преговори и внимателно составување на договорот.

„Предбрачен договор на ова ниво на богатство е огромен потфат, кој обично вклучува армија скапи адвокати и финансиски советници, не само во САД, туку и во странски земји, каде што Безос поседува значителен имот“, објасни еден адвокат, објави Hello!

„Проблемот не е количината на пари, туку сложеноста. Мора да се хармонизираат законите на различните јурисдикции, да се осигура дека договорот е извршлив на суд, да се земат предвид приватните инвестиции, портфолијата на недвижности, структурите на управување со компаниите и да се зачува максималното ниво на приватност“, додава тој.

Интересно е што Џеф Безос немал предбрачен договор во бракот со Мекензи Скот, неговата поранешна сопруга. Тие се венчаа пред да ја изградат својата милијардерска империја, кога „Амазон“ беше само мала онлајн книжарница. Тие се венчаа во 1993 година и беа заедно 25 години пред да се разведат. Отсуството на предбрачен договор го направи разводот доста комплициран.

Како дел од спогодбата, Мекензи – која беше покрај Џеф за време на експоненцијалниот раст на „Амазон“ – доби 38,3 милијарди долари и 4% удел во компанијата. Според „Форбс“, нејзиното богатство сега вреди 165,3 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Никол Шерцингер има 47 години, а за 10 секунди докажа дека е најсексипилната жена на планетата

Објавено пред

Од

Никол Шерцингер наскоро ќе го прослави својот 47-ми роденден, а ги воодушеви своите обожаватели со уште едно видео во бикини кое ќе ве остави без зборови.

dobivaj vesti na viber

Пејачката Никол Шерцингер долго ќе ја носи титулата една од најжешките и најсексипилните жени на светот, а ќе видите зошто кога ќе ја погледнете нејзината најнова објава на социјалните мрежи.

Таа објави видео во кое позира во неколку модели на бикини кои ги истакнуваат нејзините адути, а познато е дека има совршено тело благодарение на напорниот тренинг.

Никол позираше во жолто, црно, зебра и шарено бикини, а во сите четири модели не остави рамнодушен ниту еден од своите следбеници.

Познатата пејачка, поранешна членка на групата „Pussycat Dolls“ наскоро ќе наполни 47 години и признава – никогаш не би верувале дека длабоко зачекорила во својата петта деценија.

И летото доаѓа, па не се сомневаме дека ќе има сè повеќе и повеќе жешки најави…

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит проговори за разводот со Анџелина Џоли

Објавено пред

Од

Бред Пит конечно го прекина молчењето за неговата осумгодишна правна битка со Анџелина Џоли.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за списанието GQ, Пит рече дека конечниот крај на процесот не е голема работа за него:

„Не, не мислам дека беше нешто особено големо“, рече тој. „Само нешто што конечно дојде до својот правен крај.“

Пит и Џоли имаат шест деца. Двојката се венча во 2014 година откако се запознаа на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“. Пит, исто така, рече дека неговиот љубовен живот е „секогаш во вестите“.

За потсетување, Пит неодамна призна дека се чувствува засрамен затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот. Актерот тврди дека се бори со ретка состојба која не е добро разбрана од јавноста. Тој рече дека му било тешко да се дружи со луѓето поради начинот на кој реагирале кога не ги препознавал.

Пит претходно откри дека справувањето со состојба наречена просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.

Што е просопагнозија?

Во својата наједноставна форма, просопагнозијата е слепило на лицето. Поединците со оваа состојба не се во можност да кажат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на својата фризура, глас, држење на телото и облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на просопагнозија, луѓето не можат ниту да го препознаат сопственото лице во огледало.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија43 минути

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија2 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија2 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија5 часа

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија6 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија6 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија18 часа

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија20 часа

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија20 часа

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија23 часа

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија1 ден

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија1 ден

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија1 ден

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет1 ден

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...

Македонија1 ден

Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство во собраниска процедура, истoриски чин за Македонија

Во Собранието почна Комисијата за надворешни работи на Собранието каде точка на дневен ред е Предлог законот за ратификација на...

Македонија1 ден

Сопственикот на објектот е нов обвинет за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кон уште едно лице, кое исто така...

Свет1 ден

Зеленски пристигна во Берлин, Мерц му ветува посилна воена и политичка поддршка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денес, во Берлин, ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од...