Забава
Том Холанд фаворит за нов Џејмс Бонд
Шпекулациите продолжуваат да се вртат за тоа кој ќе го глуми следниот 007 по последниот филм на Даниел Крег како Бонд.
Фановите на серијалот нестрпливо ја очекуваат најавата на новиот Бонд, а со неодамнешното ажурирање кое ги исфрли некои од најголемите предвидувања, сега има нови информации за тоа кој би можел да го преземе кормилото.
Последните вести велат дека следниот Џејмс Бонд ќе се движи во друга насока.
Поточно, помлада насока.
Според Рос Кинг, ова е многу реално имајќи предвид дека продуцентите на Бонд бараат помлад Бонд. Некој во неговите триесетти.
Том Холанд се појавува како главен фаворит.

Познат по улогата на Питер Паркер во најновиот „Спајдермен“, се чини дека тој е најдобрата претпоставка за тоа кој би можел да биде новиот 007. Зад него е Реџе Џин Пејџ од „Бриџертон“, а потоа Том Харди и покрај тоа што има 44 години.
„Тудеј шоу“ открива дека британската ѕвезда сега е предводник меѓу актерите за кои се смета дека можат да го глумат славниот „протресен, не измешан“ шпион на МИ6.
Порталот вели дека промоцијата на Холанд доаѓа по шпекулациите дека Идрис Елба повеќе не е заинтересиран да ја преземе улогата.
Холанд би помогнал да се вдахне нов живот на остарениот британски таен агент, а во негов прилог оди и фактот што тој е голем фан на серијалот.
Во емисијата „Лејт најт“со Сет Мејерс на почетокот од оваа година, 26-годишниот дури и даде своја идеја за следниот филм за Бонд.
„Во суштина, јас сум голем фан на Џејмс Бонд“, рече тој. „Ги сакам филмовите со Даниел Крег. Едно време си помислив: ако продолжат понатаму, би било навистина возбудливо да се види како Џејмс Бонд станува Џејмс Бонд“.
Шпекулациите за Британецот да го потретира култниот лик доаѓаат откако тој ги напушти социјалните мрежи за да му даде приоритет на своето ментално здравје.
Актерот сподели видео со кое ги извести фановите дека прави многу потребна пауза од дигиталниот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тајните зад „Љубовта е слепа“: што навистина се случува зад камерите
Откако шоуто „Љубовта е слепа“ се појави на „Нетфликс“ во 2020 година, гледачите со љубопитност го следат „експериментот“ дали паровите ќе се заљубат низ разговор, без да се видат, за потоа да стигнат до олтарот. Со деветтата сезона, се откриваат интересни детали за тоа како навистина функционира шоуто.
Златните чаши
Фановите долго се прашуваа зошто натпреварувачите секогаш пијат од златни чаши – дали за да не се гледа алкохолот внатре, или пак да нема грешки при монтажа. Креаторот Крис Колен објасни дека тоа е само визуелен потпис на шоуто, направен од естетски причини.
Животот во капсулите
Експериментот трае околу 10 дена со 40–50 кандидати. Во тој период немаат телефони, а првите денови се како брзи состаноци. Натпреварувачите добиваат по околу 5.000 долари за учество во фазата на капсулите.
Улогата на продукцијата
Иако шоуто не е сценирано, барем така се тврди, продукцијата предлага теми за разговор за да се избегне тишина. Прстените и основните трошоци за венчавките ги покрива продукцијата, а сè дополнително плаќаат паровите.
Од свршувачка до венчавка
Сите свршувачки се случуваат во ист ден, но во емисијата се прикажуваат постепено. Продуцентите решаваат кој прв ќе изговори „да“ или „не“ пред олтарот за поголема драма.
Контроверзии
Некои поранешни учесници тврдат дека им било забрането да го напуштат шоуто пред олтарот, а дел признаваат дека знаеле оти нема да се венчаат — но сепак останале во емисијата. Има обвинувања и дека натпреварувачите имале пристап до многу алкохол и малку храна, а некои велат дека по учеството се соочиле со психички последици и јавен линч на социјалните мрежи. Дополнително, неколку поранешни натпреварувачи изнесоа обвинувања за насилно однесување на своите партнери, што предизвика критики за изборот на учесници.
Забава
Сексапилната русокоса ги израдува мажите: „Сама сум, чекам љубовта да ме најде“
Ѕвездата од „Еуфорија“, Сидни Свини, одлучи да стави крај на шпекулациите за нејзиниот љубовен живот. Откако ја раскина свршувачката со Џонатан Давино и неодамна беше поврзана со Скутер Браун, актерката јасно стави до знаење дека е слободна.
„Слободна сум“, изјави Сидни за GQ во интервју објавено на 4 ноември. „Не мислам дека барам маж во моментов. Она што го научив оваа година е дека имам навистина, навистина одлична група пријатели и дека сум силна и независна и дека ќе бидам добро.“

Сепак, 28-годишната девојка е отворена за нова љубов, ако таа се случи спонтано. „Ако љубовта ме пронајде, ќе ме пронајде“, објасни таа. „Јас сум безнадежен романтичар, па се надевам дека љубовта ќе ме пронајде, но не сум тип на личност што сака постојано да излегува. Верувам во вистинска љубов и сакам да бидам со некого до крајот на животот.“
Додека се фокусира на себе, актерката во последно време поминува време со 44-годишниот Скутер Браун. Откако медиумите почнаа да пишуваат дека се пар, беа видени заедно во септември, па дури и се појавија на нејзината роденденска забава. И покрај ова, Свини не ги коментираше гласините и свесно го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста.
„Ми треба приватност за моето здравје и здрав разум“, објасни таа за GQ. „Мислам дека ако постојано дозволував сè внатре, немаше да имам ништо за себе.“

„Јас сум само 28-годишна жена која се обидува да сфатам работи, сè уште учам, ќе правам грешки и ќе растам“, додаде таа. „И мислам дека е важно да можам да го правам тоа без постојано да коментирам за сè.“
фото: принтскрин
Забава
Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција
Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“.
„Ако нивното време не вреди за разговор во живо, тогаш ни позицијата не вреди за моето,“ изјави Стот, додавајќи дека личноста и човечката интеракција се незаменливи.
Иако признава дека ВИ може да биде корисен за технички задачи, смета дека „интервјуто лице в лице е непроценливо“.
Стручњаците се согласуваат дека, иако компаниите се повеќе го користат ВИ во регрутацијата, „човечкиот елемент не може да се замени“, бидејќи робот не може да ја процени личноста и потенцијалот на кандидатот.

