Забава
„Топ ган: Маверик“ е најголем блокбастер на деценијата
„Топ ган 2“ е едно од најдобрите блокбастерски продолженија некогаш направени, според раните реакции на социјалните мрежи.
Првите реакции на филмот се многу подобри отколку што некој би помислил. Всушност, продолжението на најубавиот филм на Том Круз од 80-тите веќе се опишува како „едно од најдобрите продолженија на кој било филм досега“, кое, искрено, сите ги изненади, особено по многуте одложувања на премиерата и појавување речиси четири децении по култниот оригинал, според првичните рецензии.
Воден од емоции, немилосрдно кинетичен, стилски бомбастичен, филмот е величествена ода на видот блокбастер филмови кои некогаш ги испраќаа луѓето во киносалите.
Тој е еден од најдобрите филмови на годината и на деценијата. Се рангира како еден од најнаградуваните филмови, (според IMAX) и е интересен за љубителите на серијалот – подеднакво и за повозрасните и за младите.
Многу очекуваното продолжение заработи 156 милиони долари на домашните киноблагајни во првиот викенд заклучно со празничниот понеделник во САД, според „Комскор“ и 252.7 милиони долари во светски рамки, според „Парамаунт“.

Top Gun: Maverick изминатиот викенд се прикажуваше во повеќе од 25.000 киносали на глобално ниво, што го прави најголемо издание на „Парамаунт пикчрс“ во неговата историја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Придобивки за здравјето од пиење вода со лимон
Препорачливо е да се пие веднаш по будењето или во помали количини во текот на денот
Водата со лимон стана популарна утринска навика поради нејзините бројни здравствени придобивки. Чаша сок од половина лимон има само 10,6 калории и обезбедува околу 21% од дневните потреби за витамин Ц, со помали количини на фолна киселина, калиум и витамини од групата Б.
Овој пијалок помага во одржувањето на хидратацијата, што е важно за правилното функционирање на телото, и го олеснува внесувањето течности, особено за луѓето кои имаат тешкотии со пиењето обична вода. Лимонот е богат со витамин Ц, моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот, го стимулира производството на колаген, помага во апсорпцијата на железо и метаболизмот на протеините.
Водата со лимон може да помогне и во контролата на телесната тежина бидејќи го зголемува чувството на ситост, го забрзува метаболизмот и е здрава замена за засладени пијалоци. Исто така, може да го намали ризикот од камења во бубрезите бидејќи лимонската киселина го зголемува волуменот на урината и ја менува нејзината pH вредност. Консумирањето пред оброк може да го олесни варењето, иако луѓето со чувствителен стомак треба да бидат внимателни.
Подготовката е едноставна – исцедете половина лимон во чаша топла или ладна вода, а по желба додадете нане, мед, ѓумбир, краставица, цимет или куркума. Препорачливо е да се пие веднаш по будењето или во текот на денот во помали количини. На долг рок, поради киселоста, водата со лимон може да ја оштети забната глеѓ, па затоа се препорачува да користите сламка и да ја исплакнете устата со обична вода.
Во умерени количини, водата со лимон е едноставен и здрав додаток на вашата дневна рутина.
Забава
Џенифер Кулиџ: Спиев со речиси 200 мажи поради улогата на мајката на Стифлер во „Американска пита“
Актерката Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култната комедија „Американска пита“, откри дека таа улога ѝ донела неочекувани придобивки во приватниот живот. Таа тврди дека, благодарение на статусот на МИЛФ-икона, спиела со речиси 200 мажи, со кои, како што вели, инаку немало да има можност да спие, пишува „ЛАД бајбл“.
„Американска пита“, тинејџерска комедија што го обележа крајот на деведесеттите години, на светот му го претстави ликот на Стифлер, незаборавната сцена со питата од јаболка и, секако, мајката на Стифлер. Улогата на Џанин Стифлер, привлечна постара жена, која заведува пријател на својот син, ја лансира тогаш 38-годишната Кулиџ меѓу холивудските ѕвезди и ја претвори во мејнстрим секс-симбол.
Актерката во интервју за „Варајети“ во 2022 година отворено зборуваше за тоа како ја искористила славата што ѝ ја донела оваа улога.
„Улогата на МИЛФ ми донесе огромна популарност. Благодарение на ‘Американска пита’ имав многу сексуална активност“, изјави Кулиџ.
„Имаше толку многу придобивки од снимањето на тој филм. Мислам, спиев со приближно 200 луѓе, со кои инаку немаше да имам можност да спијам“.
Кулиџ го толкуваше овој легендарен лик дури четирипати во популарната франшиза – во филмовите „Американска пита“, „Американска пита 2“, „Американска пита: Венчавка“ и „Американска пита: Обединување“.
Сепак, во истото интервју Кулиџ призна дека славата имала и своја цена. По улогите на мајката на Стифлер и на Полет во филмовите „Русокоса од Харвард“, таа се чувствувала заробена во ист тип улоги верувајќи дека никој во Холивуд не ја доживува како сериозна актерка.
„Ако не добивам одлични улоги, доаѓам до заклучок дека луѓето мислат оти сум неспособна за такви улоги. А потоа донесувам одлука дека навистина сум неспособна. Мора да имате режисер како Мајк Вајт, кој ќе ви каже: ‘Мислам дека ти тоа го можеш’“, објасни таа.
Токму улогата на Тања Меквојд во популарната серија на Ејч-би-о, „Белиот лотос“, зад која стои режисерот Мајк Вајт, ѝ донесе препород на кариерата. Таа улога ѝ го подигна статусот во индустријата и ѝ ја обезбеди првата номинација за престижната награда „Еми“ потврдувајќи го нејзиниот актерски опсег и отворајќи ѝ врата за нови проекти.
Забава
„Се плашев да заспијам“: Кејт Винслет за славата по „Титаник“
Филмот „Титаник“ ја претвори Кејт Винслет во светска ѕвезда, но славата имала и своја мрачна страна. Актерката, која тогаш имала 22 години, откри дека по излегувањето на филмот, се соочила со ужасно нарушување на приватноста, што вклучувало прислушување телефонски разговори и пребарување по нејзиното ѓубре поради што се плашела дури и да заспие. За овој бурен период од својот живот таа зборуваше во неодамнешно интервју, пишува „Ентертејнмент викли“.
Улогата на Роуз де Вит Букатер во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година ја лансира Винслет во ѕвездените височини поради што морала бргу да се приспособи на животот под лупа на јавноста. Филмот дебитира на првото место и таму остана неверојатни 15 недели, а таа и Леонардо ди Каприо станаа цел на таблоидите и папараците, кои ги следеле на секој чекор.
„Не бев подготвена за тој свет“, призна Винслет во интервју за „Би-би-си радио 4“.
Опишувајќи го тој период, Винслет рече: „Беше ужасно. Луѓето ми го прислушуваа телефонот. Беа насекаде. А јас бев сама. Ме ужасуваше помислата на спиење“.
Особено ја вознемирувал фактот што луѓе ѝ ги пребарувале кантите за ѓубре обидувајќи се да откријат што јаде. Таа додаде дека по огромната популарност на филмот, своето лице почнала да го гледа на насловните страници на списанија и весници, често придружено со „ужасни, страшни, всушност навредливи прекари“.
Единствениот начин на кој се справувала со притисокот, откри таа, биле едноставните нешта – разговори со пријателите и добра храна. Заклучи: „Животот е многу подобар поради тие работи“.
Актерката раскажа дека навлегувањето во нејзината приватност повторно се засилило десетина години подоцна кога во 2010 година се разведувала од својот втор сопруг, режисерот Сем Мендес.
„Папараците ме следеа во Њујорк со моите две мали деца затоа што, секако, сакаа да знаат зошто Сем и јас се разделивме“, сподели таа.
На прашањето како тогаш се справувала со ситуацијата, одговори: „Едноставно, ја држиш устата затворена, ја спушташ главата и продолжуваш да одиш. И се обидуваш да им ги покриеш ушите на своите деца. Се потпираш на пријателите и, едноставно, продолжуваш понатаму“.
Притоа им се заблагодари на пријателите за поддршката спомнувајќи ги соседите, кои ѝ оставале „чинија топла тестенини и мала чаша црвено вино“ на ѕидот меѓу нивните домови.

