Забава
Трендот на избелени веѓи го освои Холивуд
Се прашувате каде исчезнаа веѓите на лицата на познатите дами? Се чини дека светот на убавината пронајде нова опсесија, а таа вклучува речиси невидливи, избелени веѓи.
Некогаш резервиран за андерграунд-сцената и за авангардните модни писти, овој смел тренд на избелени веѓи се врати со стил и ги зазеде црвените теписи.
Водачи на овој бран се ѕвезди како Џена Ортега, Зендаја и Џулија Фокс, кои со својот изглед потврдија дека избелените веѓи се најпосакуваниот додаток за убавина во сезоната, пишува „Ин стајл“.
Трендот од 90-тите се врати
Иако денес изгледа нов и иновативен, овој изглед има корени во 90-тите. „Белењето на веѓите првпат стана популарно на почетокот на 90-тите кога се појави на пистите на Александар Меквин и Ана Суи“, објасни шминкерката и уметница за веѓи, Дани Кимико Винсент, за „Ин стајл“.
„Тогаш тоа беше изглед поврзан со клубската сцена, контракултурата“.
Избелените веѓи служат како совршено неутрално платно за експериментирање.
„Избелените веѓи може да го отворат пределот околу очите и да ви дадат повеќе визуелен простор за играње со шминката за очи“, додаде Винсент. „Тие исто така даваат кул изглед што функционира во секојдневниот живот“.
Фризерите и козметичарите може да ги избелат веѓите користејќи професионални салонски производи, што е препорачаната опција – експертите знаат како да го направат тоа безбедно и ефикасно. Ако сè уште сте сигурни во своите вештини, можете да ги избелите веѓите дома, но само со докажани производи и со внимателно следење на упатствата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Се плашев да заспијам“: Кејт Винслет за славата по „Титаник“
Филмот „Титаник“ ја претвори Кејт Винслет во светска ѕвезда, но славата имала и своја мрачна страна. Актерката, која тогаш имала само 22 години, откри дека по излегувањето на филмот се соочила со ужасно нарушување на приватноста, што вклучувало прислушување телефонски разговори и пребарување по нејзиното ѓубре, поради што се плашела дури и да заспие. За тој бурен период од својот живот таа зборуваше во неодамнешно интервју, пишува „Ентертејнмент Викли“.
Улогата на Роуз ДеВит Букатер во блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година ја лансираше Винслет во ѕвездените височини, поради што морала брзо да се прилагоди на живот под лупа на јавноста. Филмот дебитираше на првото место и таму остана неверојатни 15 недели, а таа и Леонардо Ди Каприо станаа цел на таблоидите и папараците, кои ги следеле на секој чекор.
„Не бев подготвена за тој свет“, призна Винслет во интервју за Би-Би-Си Радио 4.
Опишувајќи го тој период, Винслет рече: „Беше ужасно. Луѓето ми го прислушуваа телефонот. Беа насекаде. А јас бев сама. Ме ужаснуваше помислата на спиење.“
Особено ја вознемирувал фактот што луѓе ѝ ги пребарувале кантите за ѓубре, обидувајќи се да откријат што јаде. Таа додаде дека по огромната популарност на филмот, своето лице почнала да го гледа на насловните страници на списанија и весници, често придружено со „ужасни, страшни, всушност навредливи прекари“.
Единствениот начин на кој се справувала со притисокот, откри таа, биле едноставните нешта – разговори со пријателите и добра храна. Заклучи:
„Животот е многу подобар поради тие работи.“
Актерката раскажа дека навлегувањето во нејзината приватност повторно се засилило десетина години подоцна, кога во 2010 година се разведувала од својот втор сопруг, режисерот Сем Мендес.
„Папараците ме следеа низ Њујорк со моите две мали деца затоа што, секако, сакаа да знаат зошто Сем и јас се разделивме“, сподели таа.
На прашањето како тогаш се справувала со ситуацијата, одговори: „Едноставно ја држиш устата затворена, ја спушташ главата и продолжуваш да одиш. И се обидуваш да им ги покриеш ушите на своите деца. Се потпираш на пријателите и едноставно продолжуваш понатаму.“
Притоа им се заблагодари на пријателите за поддршката, спомнувајќи ги соседите кои ѝ оставале „чинија топла тестенини и мала чаша црвено вино“ на ѕидот меѓу нивните домови.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.

