Забава
Трите најсреќни знаци во Годината на змејот: според кинескиот хороскоп, 2024 година за нив е година на повторно раѓање и успех
Новата година носи нови почетоци и соодветно на тоа многумина се надеваат дека ќе им донесе позитивни промени. Додека за некои финансиските проблеми се она што најмногу ги загрижува, други чекаат одредена конкретност кога се во прашање емотивните врски. Според кинескиот хороскоп, оваа година е особено поволна за некои знаци што имаат причина за радост и славење.
Свиња (1971, 1983, 1995, 2007, 2019)
Свињата е дванаесеттиот и последен знак од кинескиот зодијак и ова ќе биде одлична година за нив. Свињите се познати по тоа што се вредни и ја кажуваат вистината, а годинава нивните квалитети би можеле да им донесат среќа, пишува hinudstantimes.com. Бидејќи се посветени и искрени, пред нив се неверојатни можности. Универзумот е на ваша страна и ви дава целосна поддршка.
Оваа година е полна со позитивни вибрации кога се во прашање Свињите. Енергијата пука насекаде, така што сега е одличен период да ги искористите тие шанси. Што и да е, без разлика дали се работи за работа, врски или лични цели, ѕвездите се наклонети.
Мајмун (1968, 1980, 1992, 2004, 2016)
Кога станува збор за оваа година, мајмуните заземаат висока позиција во кинескиот хороскоп и се наведени како најсреќниот знак. Познати по својата енергија и интелигенција, Мајмуните ќе имаат прилично добра година пред нив.
Змејот, кој дели одлична врска во зодијакот со Мајмунот, ќе игра важна улога во донесувањето дополнителна среќа. Оваа врска ќе придонесе кон многу креативни идеи и ќе помогне да се зајакне кариерата на Мајмуните. Оваа година Мајмуните ги очекуваат многу позитивни промени.
Тие ќе се справат со сите ситуации со нивното брзо размислување и способност за лесно движење. Доколку припаѓате на овој знак, подгответе се за возбудлива година полна со можности и напредок во кариерата. Прифатете ги промените и справувајте се со она што ќе ви дојде на патот. Време е да блеснете.
Стаорец (1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020)
Луѓето што се родени во знакот Стаорец, кој е прв во кинескиот хороскоп, ги очекува фантастична година. Стаорците, кои ги краси интелигенција, ќе имаат многу среќа. За нив има и посебни можности во однос на личен раст и парична добивка. Универзумот ви поставува патека исполнета со убави можности и шанси. Стаорците се многу приспособливи, што може да биде од голема корист за нив оваа година. Дури и кога е тешко, тие треба да веруваат во себе и да продолжат. Тоа е нешто како тајно оружје што го имаат, кое може да им помогне да ги искористат максимално можностите што им се нудат.
Ако сте Стаорец во кинескиот хороскоп, ова е вашата година. Важно е само да им верувате на вашите инстинкти, да туркате напред и да ја искористите секоја можност. Оваа година е за да го реализирате вашиот потенцијал и да го искористите максимумот од вашите среќни моменти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

