Забава
Три бројки во датумот на раѓање укажуваат на голема среќа во март
Секој месец има своја енергија и влијае на нашите животи на свој начин. Март не е исклучок, се вели дека на некои луѓе им носи многу среќа.
Броевите се присутни во нашиот живот и имаат различно значење во разни култури. Некои веруваат дека одредени бројки имаат посебно значење и носат среќа.
Ако имате комбинација од следните броеви или еден од нив во датумот на раѓање, очекувајте поголема креативност, подлабоки духовни искуства и посилни врски во љубовта и семејството.
Март ќе биде особено среќен за луѓето што во датумот на раѓање ги имаат броевите 3, 6 или 9, пишува „Н1“.
Број 3
Бројот 3 е силно поврзан со креативност, оптимизам и позитивна енергија. Се вели дека луѓето родени на датуми што го содржат овој број се повеќе склони да ја истражат својата креативна страна.
Март, како трет месец во годината, ја носи дополнителната сила на бројот 3. Затоа, можеме да очекуваме дека луѓето со овој број во датумот на раѓање во март ќе доживеат уште поголема среќа и исполнетост.
За луѓето со број 3 во датумот на раѓање често се вели дека се оптимисти, креативни, пријателски расположени и забавни.
Таквите личности обично се страсно заљубени во уметноста, музиката, танцот или другите форми на изразување. Друштвени се и сакаат да комуницираат со другите, што ги прави многу популарни во општеството. Во исто време, тие исто така може да бидат донекаде импулсивни или да флуктуираат помеѓу разни интереси, што ја одразува динамичната природа кај нив.
Број 6
Бројот 6 често се поврзува со љубовта, семејството и врските. Се вели дека оние со овој број во датумот на раѓање се повеќе фокусирани на љубов и грижа за другите. Во март, кога пролетта се буди и природата оживува, бројот 6 може да има особено поволно влијание врз односите и семејните врски.
Луѓето чии датуми на раѓање го содржат бројот 6 често се фокусирани на грижата за другите, сочувствителни и одговорни. Тие може да бидат многу приврзани за семејството и пријателите и се подготвени да го жртвуваат своето време и енергија во корист на другите.
Број 9
Бројот 9 е поврзан со мудрост, духовност и длабоко разбирање на животот.
Се вели дека луѓето што го имаат овој број во датумот на раѓање се поотворени за духовни искуства и мудрост. Во март оваа врска може да се зајакне и да донесе дополнителна среќа на оние со број 9 во датумот на раѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.