Забава
Три хороскопски знаци ги чека магична зима, ќе доживеат голема среќа и напредок
Зимските месеци, кои се пред нас, ќе ги исполнат со голема енергија сите хороскопски знаци и можност да ги поправат сите свои грешки од минатото.
Сепак, астролозите тврдат дека три знаци од Зодијакот ќе имаат посебни причини да бидат среќни бидејќи ќе бидат благословени со многу радост и напредок во снежните месеци.
Бик
Време е да преземете ризик – сега или никогаш. Враќањето назад во времето и евоцирањето на она што ве промени тогаш и сега може да ги прошири вашите хоризонти и да отвори нови.
Биковите на деловен план ги очекуваат најекстремни промени, а периодот што претстои е идеален за комуникација и дружење.
Биковите ги чекаат некои прекрасни нови познанства, нивниот љубовен живот ќе добие замав, а оптимизмот значително ќе се зголеми. Партнерот ќе има многу разбирање и поддршка во најважните животни одлуки.
Девица
Време е да ги соберете сите ваши добро заработени награди и да им покажете на сите кои се вашите способности. Престанете да одбивате комплименти затоа што богато го заслужувате секој пофален збор.
Во текот на претстојната зима Девиците ќе блеснат со страст и автентичност, а нивното расположение ќе биде неверојатно. Иновативноста и фантазијата ќе донесат најголеми промени на полето на работата, а зимските месеци ќе им ги залечат љубовните рани.
Оние што се во врска ќе може да се фокусираат на позитивното и да решат некои стари конфликти.
Јарец
Зимата е идеален период за Јарците, а сето она што го научиле минатата зима, ќе може да го применат бидејќи ќе бидат подготвени за сите нови улоги и задачи.
Јарците точно знаат што сакаат и што им е потребно за да ги постигнат своите цели. Тие се полни со оптимизам, нивната енергија е чиста, а нивната аура сјае со заслепувачка светлина.
Ова е прекрасен период за поврзување со другите, но и за да одвоите малку време за себе и повеќе да се опуштите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.